Donaldson високоперформансна филтрација

Сепак се движи!

Познатата изрека „Сепак се врти“ како синоним на непокорот дури и пред најстрашниот суд немаше да постои да не беше Галилео Галилеј уверен во тоа

Славниот научник кој размислуваше пред своето време имаше причини да верува дека е во право и кога сите други мислеа поинаку. Денес добро знаеме што околу што се врти, но како што земјата се врти околу сонцето така индустријата го движи општеството – без неа ќе се вратиме во времето на Галилеј. Некои стопански гранки до толку влијаат што и мал застој се одразува на економијата на цела држава, па и регион. Замислете само што ќе се случи ако макар една клучна машина од рудникот што ја снабдува РЕК Битола со јаглен престане да работи – ќе нема струја за цела Македонија. Затоа од клучно значење е машините постојано да бидат во исправна состојба за работата непрекинато да може да се одвива 24 часа на ден, 365 дена во годината.

За да биде така тие мора превентивно да се одржуваат – не смее заради еден филтер да застане цел процес. А во услови за работа како во споменатиот пример филтрите не е ниту едноставно ниту евтино да се одржуваат – прашината, екстремните температурни разлики, променливите временски услови и сé друго влијае на нивниот век на траење. Но, без дискусија, најскапата машина е онаа што стои и затоа во тешки услови за работа не смее да има никаков компромис – сé мора да се движи. Тоа многу добро го знаат сите задолжени за одржување на машинскиот парк во индустриските капацитети, било големи, било мали. Свесни се од што директно зависи нивната одговорност и користат само делови и компоненти од производител на кого безусловно му веруваат.

Во светот на филтрите тоа е Donaldson, водечкиот производител на системи и резервни делови за филтрација. Основан пред цел еден век, Donaldson е технолошки ориентирана компанија посветена на задоволување на потребите на клиентите преку иновативни решенија и постојан развој. Нејзините производи присутни во многу стопански гранки и посебно се ценети. Причината е ориентацијата кон навремено откривање и отстранување на евентуалните недостатоци на целиот систем произлезени од секојдневната експлоатација, тогаш кога редовното одржување не е доволно за максимум перформанси. Ова е посебно битно при работа во најтешките услови како што се градежништвото, рударството и индустрија, каде филтрирањето со високи перформанси е најдоброто превентивно одржување на машинскиот парк.

Но веќе споменавме, тоа не е секогаш ниту едноставно, ниту евтино – секоја машина си има свои специфики и барања. На пример еден багер има во себе десетина разни филтри, кој од кој поважен. Еден од нив, кој и да е – за маслото за моторот, трансмисијата или хидрауликата, горивото, средството за ладење, воздухот или било што друго да престане да ја врши својата функција, ќе се дознае кога веќе ќе биде доцна, односно откако ќе се случи дефект. За да не дојде до тоа, тоа Donaldson има цели серии решенија за високоперформансна филтрација при работата во тешки услови. Базирани на повеќе од стогодишното искуство на компанијата, тие нудат максимална заштита и минимални ризици од застои во работата. Тие секогаш значат изгубени приходи, а некогаш и многу повеќе од тоа. За да се задржи опремата во работна состојба цело време потребни се високоперформансни филтри со супериорна изведба и од сигурен добавувач. Само со таква заштита машинскиот парк ќе работи доверливо, без опасност од дефекти и ризици од застои и скапи поправки.

И не само тоа – проактивниот пристап кон работата и големата примена на иновативни решенија прави нивните производи да ги задоволуваат потребите на корисниците дури и кога тие не се свесни за нив. Така секој производ на Donaldson освен што е правен да пружи максимална заштита во секакви услови, при неговото конструирање е водено сметка и за ефикасноста, односно прецизната контрола на исправноста и лесната и брза замена. Тоа ги продолжува сервисните интервали, намалува трошоците за одржување и ја зголемува ефикасноста без ризици по оперативната состојба на машинскиот парк затоа што сé мора да се движи, ништо не смее да застане.