EarthRoamer XV-LTS

Го сакаат богатите и славните

► Овој кампер за најтежок терен полн е со луксуз

EarthRoamer е кампер подготвен за секаков терен. Да не доаѓа со толку висока цена би бил идеален за теренските работници. Но чини колку куќа, ама затоа и нуди сé што има во една куќа, освен простор кој го има толку колку го има. Во EarthRoamer XV-LTS сепак можат да спијат четворица, а за 438.000 долари колку што чини идните сопственици можат да го прилагодат секој детаљ и со него да тргнат на секаков терен.

05e79b656fd26797e80e[1]

Компанијата што го произведува е основана уште 1998 година со цел да понуди луксузни кампери за секаде. Првиот прототип е претставен пет години подоцна, а до денес имаат направено само 180 возила – сите рачно. Шасијата е позајмена од Ford F550 сосе V8 турбо-дизел моторот од 6,7 литри и погонот на сите тркала. Сé во него работи на струја од батериите кои се полнат преку соларни панели, така што нема боца за плин или бучни агрегати. Оваа грдосија тешка е скоро 9 тони, а во најновото нејзино издание може да се вградат и 40-инчен телевизор, Bose озвучување и загревана бања. Тука се и надворешната кујна, ЛЕД осветлувањето, бројните утичници и друго. Заинтересираните купувачи мораат да чекаат година дена на својот EarthRoamer.

0d09d9e95ea61f2dd815[1]