Систем за непрекинато напојување место генератор
► Место класичен генератор, Eaton има решение со интегрирано резервно напојување и дистрибуција на електрична енергија кое е потполно подготвено за моментално вградување
Ова решение за поврзано непрекинато напојување со струја UPS и дистрибуција на електрична енергија на компанијата Eaton е идеално за банки, болници, аеродроми и слични установи кај кои од критична важност е стабилното и непрекинато напојување со електрична енергија. Генераторот тука не врши работа од повеќе причини – потребно е време тој да стартува, ја загадува околината, а кога не работи не ја обезбедува ниту стабилноста на напонот. Затоа за да се осигура безбедно и доверливо работно опкружување, единствено решение е користењето на UPS за непрекинато напојување.
Но секоја инсталација на какво било резервно напојување, покрај самиот UPS бара негово поврзување со разводните уреди како и доводен прекинувач, by-pass прекинувач за потребите на одржување и изводни прекинувачи, што е од суштинска важност за патот на енергијата од дистрибутивната мрежа до одреден критичен потрошувач. Притоа никој не гарантира дека сите слабости или проблеми на интероперабилност кои можат да се појават се оптимално решени. Сето ова ги прави ваквите решенија комплицирани и скапи и бара високо обучени кадри за нивна правилна монтажа. Eaton го елиминираше тоа со интеграција на сите овие компоненти во едно урамнотежено решение, кое покрај тоа ја зголемува доверливоста и расположливоста, го намалува времето потребно за проектирање и инсталација и го сведува ризикот на најмала мера.
Eaton Connected ја постигнува својата висока расположливост и ги минимизира непланираните испади благодарение на комбинација на неколку фактори. Сите компоненти доаѓаат од еден ист производител чија репутација за квалитет и издржливост е добро позната. Тие се испитани според релевантните стандарди заради потврдување на нивната безбедна и доверлива работа и отпорност на отежнати услови во моментите на појава на краток спој. Времето на исправна работа максимално се зголемува со by-pass преклопниците за потребите за одржување и заштита од инверзно напојување, а однапред одредени поставки се грижат за заштита од преоптоварување. Плус на сé целиот систем е модуларен и скалабилен. Модулите можат брзо да се монтираат за да се исполнат точните барања на проектот, без губење на средства или простор за прекумерен и непотребен капацитет. Во случај на некоја идна потреба, дополнителниот капацитет може лесно и брзо да биде обезбеден со едноставно додавање на уште модули. Треба да се напомене и дека самиот UPS и капацитетите за дистрибуција на електрична енергија можат заедно или независно еден од друг да се скалираат, според потребите.
На располагање се различни решенија со номинално напојување од 30 до 900 kVA со секции на статичка склопка до 1.200 kVA. Разводниот уред ќе обезбеди сигурна дистрибуција на електрична енергија и функционална контрола до 6.300 А во сите комерцијални и индустриски примени. Ефикасноста на режимот на двојна конверзија може да биде оптимизирана со помош на систем за управување со варијабилен модул, а системот за заштеда на енергијата обезбедува максимална енергетска ефикасност од преку 99 отсто. Разводниот уред испитан во независна лабораторија според стандардот IEC 61439-2 нуди исклучително доверливо работење благодарејќи на користењето на 4B облик на внатрешното одвојување. За најмногу 300 kVA достапни се и дополнителни модули и фиксни прегради, со што се овозможува модификација без исклучување на комплетниот систем. За да се осигура безбедност во секој момент, прекинувачите автоматски се активираат при извлекување, а достапни се и опции за заклучување.