Einride T-pod

Шведски камион на иднината

Се вика T-pod, производ е на компанијата Einride, а епитетот камион на иднината го заслужи по повеќе основи

Швеѓаните имаат два големи производители на камиони, но овој доаѓа од сосема непознатата компанија Einride и претставува потполно автономен камион кој во целост ја елиминира потребата од возач. Замислен како концепт кој треба да стане реалност веќе во 2020 година, тој има електричен погон, носивост од 20 тони и автономија од 200 km. Има должина од само 7 метри, но во него собира 15 палети. Тоа е затоа што кабина, како што гледате на фотографиите, нема, но возачот, во овој случај операторот со возилото може да ја презеде контролата над него управувајќи го далечински, од својата канцеларија.

Колку и да изгледа сето ова футуристички, од компанијата тврдат дека првите 200 примероци ќе можат да ги испорачаат до споменатата 2020 година.

IMG_2306[1]