Ford E-Transit Custom (видео)

Електрично комби со футуристичко лице

► Новиот доставен модел на Ford е поубав од некои автомобили

Ford ги објави првите фотографии на новиот E-Transit Custom, кој официјално ќе биде претставен во септември годинава. Буквата Е во називот која му донесе многу свежина открива дека е електричен и го прави втор ваков модел во гамата. Освен автономијата од 380 km, од Ford, барем засега, не објавија никакви податоци за него, но не е никаква тајна дека ја користи Volkswagen MEB платформата, што само по себе значи дека од техничка страна гледано ќе биде многу сличен, ако не и идентичен со ID.Buzz. По дизајнот сепак ќе се разликува – од фотографиите гледаме дека е поубав од некои автомобили. На купувачите ќе им биде понудена и единствена дигитална платформа која со решенијата за полнење, сервисирање и финансирање ќе им овозможи намалување на оперативните трошоци и зголемување на искористеноста.

Како и неодамна лансираниот E-Transit, и овој модел дел од поширокиот план за електрификација на својот комерцијален сектор Ford ќе го произведува во Турција почнувајќи од втората половина 2023-та година.