Ford Otosan

Се зголемува производството на Transit во Турција

» Ford ќе инвестира 52 милиони американски долари за зголемување на капацитетите на фабриката во Турција, каде во соработка со Koç Holding се произведува Transit

Причината е зголемената побарувачка на лесните комерцијални возила на марка во Европа. За да одговори на барањата на пазарот, Ford планира да го зголеми производството за 12% односно за околу 40.000 возила годишно, со што од оваа фабрика ќе се испорачуваат по 330.000 возила секоја година. Планирано е активностите да завршат идната година, по што ќе бидат монтирани дополнителни роботи, брзината на монтажната лента ќе биде зголемена, а капацитетите на лакирницата проширени. Оваа инвестиција има и стратешко значење бидејќи за 2019 година е планирано лансирање на plug-in хибридна верзија на Transit Custom.

Според Ford, благодарение на Transit, марката е лидер на европскиот пазар во класата лесни комерцијални возила со учество од 13,2%.