Gerüstbau JU-SM

Германски скелиња за домашните градежници

► ЈУ-СМ дооел, домашна компанија која нуди модуларни скелиња и подвижни платформи, составните елементи за своите системи ги увезува директно од Германија а ги проектира, транспортира, монтира и демонтира, како кај нас така и во соседството


Речиси да нема јавен, индустриски, комерцијален или стамбен објект кој може да се финализра без употреба на монтажни скелиња. За нашето тврдење можеби најдобро можат да посведочат менаџерите на ЈУ-СМ чија основна дејност е токму понуда на комплетна услуга на висококвалитетни брзомонтажни модуларни скелиња како и фиксни и подвижни работни платформи.

20_0Целата услуга, односно монтажата, демонтажата, транспортот или изнајмувањето – градежниците ја добиваат во согласност со барањата на најсовремените стандарди на работење, законските и регулаторните барања за здравје и безбедност при работа, добрата инженеринг пракса и аспектите за зачувување на животната средина. Притоа ЈУ-СМ дооел својот пробив на пазарот го прави преку обезбедување на врвна услуга и не пропуштајќи ништо на случајот. Таа е прва компанија во Република Македонија од оваа бранша, сертифицирана согласно меѓународниот стандард ISO9001:2008 од страна на реномираното германско сертификационо тело TÜV Rheinland Group.

12834858_10_nСо употребата на современа, иновативна технологија и вградување на компоненти и материјали од врвни светски производители како и преку уважување на сите статички карактеристики, компанијата се стреми кон постигнување на највисоките технички стандарди на работење. Со ефективна примена на системот за менаџмент на квалитетот, компанијата уште повеќе ги детерминира своите предности и бенефити преку зголемено ниво на одговорност и поефективно и поефикасно управување и зајакнување на севкупните перформанси на компанијата.

Сето тоа, од своја страна, придонесува за уште повисоко ниво на доверба на ЈУ-СМ дооел кај корисниците, зголемен удел на пазарот и конкурентност но во исто време и зголемен бенефит на корисниците со стекнување на услуги со високо ниво на квалитет, доверливост и усогласеност со специфираните барања и облигаторните законски регулаторни барања.

Slika4