Gipo Giporec R131 FDR Giga

Убедлива моќ на швајцарската дробилка

Gipo (Gisler Power) e швајцарска фирма формирaна 1989 со основна цел производство на машини за обработка на камен и индустријата на отпадни и рециклирачки материјали


maxresdefault

Компанијата Emil Gisler AG е основана во 1982 година и од тогаш на светскиот пазар има пласирано преку 600 машини кои сеуште се во функција. Најголем дел од машините на швајцарскиот производител се од типот Gipikombi кои претставуваат комплексни преносни машини за крешење и обработка на цврст каменест материјал.
GIPOREC_R_131_FDR_GIGA_04GIPOREC_R_131_FDR_GIGA_3Од друга страна, современите хидраулини системи се во основа на машините кои се специјализирани за изградба на комплексните подземни цевководи.
Брзиот развој на компанијата резултира со формирање на посебна единица Gipo (Gisler Power) која се специјализира за конструирање на машини за дробење на камен и други цвсрти материи како и машини наменети за обработка на отпаден и рециклирачки материјал.
Како пионер на ова поле, компанијата е фокусирана на понатамошен развој на компоненти, опрема и комплетни машини. Притоа корпорацискиот фокус се става на флексибилноста и континуирано имплементирање на најновите технолошки сознанија во актуелната гама на производи. Ефикасни производи со помош на кои се поместуваат цели планини, освен како рекламно мото, на одличен начин ја опишуваат ефикасноста на дробилкит на швајцарскиот производител.

Giporec R 131 FDR Giga

Gipo мобилните ударни дробилки се употребуваат во широк опсег на апликации. Оваа серија на машини се одликува со висок капацитет на продуктивноста, проверена технологија и едноставна употреба. Срцето на постројката ја сочинуваат две ударни комори а транспортот на издробениот материјал се одвива преку лизгачка лента која се движи со помош на проверен хидраулички пренос.
GIPOREC_R_131_FDR_GIGA_2006Giporec R 131 C_22Континуираното прилагодување на брзината на транспортната лента овозможува директна контрола на дробениот материјал. Идентично на останатите машини на Gipo, протокот на дробениот материјал е дизајниран на начин да спречи било какво ограничување поврзано со неговата големина. Тоа е овозможено со систем во кој ширината на проточната лента се проширува во насока на протокот на материјалот.
Глеадано од технички аспект при што влезната корпа има капацитет од 5 m3, пред-решетката е димензионирана со (120 x180) cm со пречник на роторот кој изнесува 120 cm, машината овозможува капацитет на дробење од 400 тона на час. Според традицијата, Gipo како погонска единица користи дизел мотор од CAT, кој во случајов за покренување на сите системи на располагање става максимални 480 КС. Притоа оперативната тежина, во која се вклучени сите додатоци, изнесува 57 t.
Вака погледнато тоа се импозантни бројки кои во пракса делуваат уште поубедливо, сепак се работи за проверени дробилки кои доаѓаат од земја која многу внимание посветува на ефикасноста и доверливоста на своите производи.

GIPOREC_R_131_FDR_GIGA_4