Соработка која трае
Словенската компанија FA-ST од Ново Место и швајцарскиот производител на опрема, сеење и рециклирање на градежен материјал, GIPO AG ја продолжуваат успешната бизнис соработка која трае веќе низа години
Компанијата FA-ST од Ново Место пролетва реши да го прошири својот машински парк со уште една нова дробилично-рециклажна машина GIPOREC R 100 C GIGA. Првата машина од овој тип ја купија пред четири години, а сега поради зголемена потреба за рециклирање на градежен отпад, и секако, благодарејќи на позитивните искуства со таа машина, повторно и се обратија на компанијата GIPO.
Низа предности на применетиот технолошки процес
Дробилката со сито и интегриран повраток на поголемите зрна GIPOREC R 100 C GIGA е најсовремена и најефикасна машина од ваков вид во светот. Опремена е со богата опрема која обезбедува највисок квалитет на излезниот производ како и максимално искористување на влезната суровина, притоа не правејќи разлика дали се обработува природен камен, армиран бетон, асфалт, или разна мешавина од градежни отпадни материјали со минерално потекло.
Машината е опремена со систем за одвојување на полесните материјали (пластика, дрво, текстил, разни изолации, итн. ), потоа со магнет за одвоју вање на железото, далечински управувач, линиски ваги, одвојувач на јаловината, компресор, состав за отпрашување со влага, сито како и со интегриран повраток на поголемите парчиња.
Машина за дробење со сито и интегриран повраток на над-зрната (поголеми парчиња материјал) во процесот на производство покажува низа предности – строго дефиниран конечен производ кој зависи од големината на ситото, како и можност за работа со поголем отвор во млинот што доведува до заштеда по прашање на абењето и потрошувачката на гориво.
Влијанието на гранулцијата на конечниот производ се постигнува со регулирање на брзината на роторот како и преку примарниот и секундарниот отвор во млинот, се со цел да се добие квалитетен конечен производ, кој во склад со пропишаните стандарди, ги задоволува сите барања и потреби.
Технички податоци Giporec R 100 C Giga
Транспортна широчина | 2. 500 mm |
Должина cca. | 17. 000 mm |
Транспортна височина | 3. 400 mm |
Маса без сито | 43. 000 kg |
Маса со сито | 53. 000 kg |
Ударна дробилка
Пречник на оската на роторот | 180 mm |
Ударен пречник на роторот | 1. 200 mm |
Широчина на роторот | 970 mm |
Брзина на роторот | 25 – 42 m/s |
Дим. на влезниот отвор | 970 x 800/920 mm |
Големина на зрната (min. ) | 0/20 mm |
Големина на зрната (max. ) | 0/200 mm |
Погонски дизел мотор | CAT C9 261 KW/350 KS |