Моќна, а истовремено и компактна дробилка со сито
Со испораката на две мобилни дробилки со сито Giporec R 90 FDR Giga, швајцарската компанија Gipo и понатаму ја продолжува успешната соработка со хрватските градежни компании, овој пат на подрачјата на Риека и Загреб
Во овие тешки времиња за хрватските градежни фирми се препознава изборот на квалитетни и ефикасни повеќенаменски постројки со кои можат да ја унапредат својата ефикасност во работата. Со испораката на две мобилни дробилки во 2015 година продолжена е успешната соработка меѓу хрватските компании и швајцарскиот производител на опрема за дробење, сеење и рециклажа на минерални суровини Gipo AG од Зеедорф. Во ова мало идилично место на јужниот брег на Луцернското езеро се произведуваат и најголемите мобилни дробилки на светот со капацитет од 1.100 t/h, но апсолутен приоритет на оваа компанија е да се задоволат сите потреби и барања на пазарот, без оглед на големината на машината. Целта е производство на квалитетни, модерни, ефикасни, еколошки и економски прифатливи постројки со кои едноставно и лесно се управува, кои имаат долг век на траење и мали трошоци за одржување.

Gipo мобилните дробилки се препознатливи ширум светот по својот квалитет и работниот ефект. Во Хрватска Gipo е присутен од 2001 година, а до денес има испорачано повеќе од 45 постројки ширум целата земја. Оваа година за прв пат во Хрватска се испорачани Giporec R 90 FDR Giga мобилни дробилки со маса од 32 тона со ситото (26 тона без него), кои со капацитетот од 200 t/h нудат широк спектар можности за работа, мала транспортна тежина и високи ефикасност и квалитет. Бројните референци и задоволни купувачи беа пресудни фактори при одлучувањето за набавката на овие дробилки. Постројките Giporec R 90 FDR Giga се опремени со двоетажно јаловинско предсито, магнет, далечински управувач, интегриран поврат на надзрната, компресор, филтер за честички, мерни ваги и систем за влажно сузбивање на прашината, па како такви можат да ги задоволат сите барања по прашање на дробењето на карпеста маса или рециклажа на армиран бетон, асфалт или мешан градежен отпад.

Проширување на постројките со единици за просејување
Основните модели Giporec R 90, Giporec R 100 и Giporec R 131 можат да се прошират со еднослојна или двослојна единица за просејување. Со такви постројки за ударно дробење финалниот производ може да се просее заради добивање квалифицирано зрно. Основните модели можат по желба да се прошират и транспортираат со или без постројката за просејување. Тоа придонесува за заштеда во инвестициските трошоци, ја намалува потрошувачката на гориво и загадувањето на околината. Транспортната лента за преголемите зрна е цврсто монтирана на постројката и не мора да се демонтира за транспорт. Приклучувањето и одвојувањето на единицата за просејување бара помалку од 10 минути.

Главни особености на Giporec постројките
- мали трошоци по тон кршен материјал
- најсовремена технологија, висока мобилност и минимално време за ставање во погон
- долг век на траење и висока вредност при повторната продажба
- потполно хидрауличен концепт на погон со компоненти со висока вредност и минимална количина на електрика (докажан во експлоатација од -50° C во Сибир до +55° C во Дубаи)
- едноставно намалување на транспортната тежина заради можноста за одвојување на единицата за просејување
- спојување и одвојување на единицата за просејување без помош на дигалка – доволен е само еден човек
- безстепена регулација на бројот на вртежи на роторот – директно влијание на финалниот производ
- CAT дизел мотор со најнова технологија со голема резерва на сила
- робусен ударен млин со два ударни механизми
- висока мобилност – кратко време за поставување – малку потребно место
- едноставно одржување благодарејќи на лесниот пристап до компонентите
- Gipo сервисната служба е гаранција за економична експлоатација и долготрајно партнерство

Технички податоци
Giporec R 90 FDR Giga | |
кош за сипање | 4 m³ |
горен вибро додавач | 800×2.500 mm |
јаловинско предсито | 800×1.500 mm |
сито | 1.300×3.000 mm |
влезен отвор на млинот | 870×850 mm |
дијаметар на роторот | 1.100 mm |
работен ефект на дробење | 200 t/h |
погонски мотор | Deutz 230 kW |
транспортна должина | 16.500 mm |
транспортна ширина | 2.500 mm |
транспортна висина | 3.120 mm |
тежина со сито | 32.000 kg |
тежина без сито | 26.000 kg |