Ама навистина голема!
Што мислите, колкава казна може да заработи еден 280-тонски камион со приколка со 16 оски?
Точниот одговор е – најголема во историјата на сојузната американска држава Род Ајленд и изнесува 57.000 долари, а транспортната компанија ја заработи заради тоа што не извадила дозвола за овој специјален транспорт но врз основа на тоа што возилото било претоварено седум пати во однос на дозволеното. Казната сепак е пониска од трошоците кои властите им ги наметнаа откако го запре транспортот – 60.000 долари надомест и непознати суми за полициската придружба и осигурителната полиса од 25 милиони долари издадена во корист на државата, за секој случај.