GoodYear интелигентни пневматици

Памет во глава, ама и во нозете

GoodYear тестира употреба на интелигентни пневматици во возните паркови

GoodYear неодамна започна да спроведува пилот-проект во склоп на кој со свои интелигентни пневматици ги опреми возилата на европската транспортно-логистичка корпорација Redspher. Ова решение за мобилноста овозможува на возните паркови непрекинато следење на стапката на истрошеност и притисокот во пневматиците, со што се усовршува работењето бидејќи навремено се најавува потребното одржување со што возилата без подолги и неочекувани застои остануваат во идеална возна состојба. Податоците добиени со употреба на интелигентните решенија на GoodYear ќе ги зголемат издржливоста и безбедноста, велат во компанијата Redspher која делува во 19 држави и преку својата платформа Rubiwin нуди услуги за испорака. За почеток опремени се нивните доставни и сервисни возила кои дневно поминуваат исклучително долги релации, некогаш и повеќе од 700 километри.

Со овој проект се потврдуваат напорите на GoodYear за обезбедување целовити решенија за мобилноста на иднината. Токму технологиите на планирано одржување се важни за сигурноста и доверливоста на вакви системи кои можат значително да помогнат во проактивното планирање со управувањето со возните паркови.