Goodyear Dunlop Sava Tires

Соодветни товарни пневматици за оптимална искористеност

Возните паркови можат ефикасно да ги намалат оперативните трошоци – главна улога притоа игра мудриот избор на пневматици, управувањето, одржувањето на возилото, начинот на натоварување и начинот на возење

Изборот на одговарачки теретни пневматици, кои овозможуваат подобра искористеност на горивото, може да придонесе за намалување на оперативните трошоци. На потрошувачката на гориво пред се влијаат аеродинамиката и тежината на возилото, потоа начинот на возење, механичките губитоци и отпорот на тркалање на пневматиците. И покрај тоа што овие фактори не можеме да ги контролираме, со мудри мерки можеме значително да ги намалиме оперативните трошоци. Кои се тоа мерки и на кој начин можат најдобро да се искористат товарните пневматици открива Лорен Колантонио, директор на Goodyear за технологија.

Соодветни пневматици за одредена намена

Најважно е да се изберат адекватни пневматици за планираната намена. Тие мора да бидат прилагодени кон возилото кое го користиме, а покрај тоа мора да имаат и соодветни димензии, со правилна ознака за одредено возило и намена. Така при регионален превоз ќе се добие најголема искористеност на пневматиците и ќе се обезбеди поминување на поголем број километри (пр. Goodyear KMAX), а на подолги релации ќе ни користат пневматиците кои обезбедуваат помала потрошувачка на гориво (пр. Goodyear FUELMAX). При изборот на пневматици може да помогне и EU етикетата која дава податоци за отпорот на тркалање, прилепувањето на мокра подлога како и надворешната бучавост при тркалање.

Редовна контрола на пневматиците

Поради потенцијалните оштетувања и абење на пневматиците, препорачливо е возачот секојдневно да врши визуелни прегледи. Пред секој пат, или барем еднаш неделно, потребно е да се провери нивниот притисок, затоа што ако тој отстапува од пропишаниот предизвикува прекумерно абење и негативно влијае на потрошувачката на гориво.

Внимавајте на правилна распределба на товарот

Распределбата на товарот влијае на стабилноста на возилото и оптеретувањето на поединечни пневматици, а со самото тоа и на степенот на нивно абење. Поради тие причини товарот треба да биде правилно распределен и да се почитуваат законските ограничувања.

 Обновување на пневматиците

Оперативните трошоци можат да се намалат со обновување на пневматиците, но тоа е ефикасно само кај правилно одржуваните пневматици. Имено, обновувањето може да се изведе само кај квалитетен пневматик чија каркаса е во добра состојба. Производите на Goodyear како и TreadMax производите на Dunlop, обновени со вулканизација во калап, имаат слични карактеристики  како нови пневматици. Возните паркови можат на тој начин да ги искористат високите перформанси на наведените товарни пневматици низ целиот работен век, што покрај намалувањето на трошоците носи и предност за сочувување на животната средина.

Геометријата на тркалата е исто така важна

За подобра искористеност на горивото и поголем работен век на пневматикот потребно е редовно прегледување на тркалата на возилото и по потреба да се подесат според фабричките спецификации на производителот. Потребно е возните паркови редовно да вршат прегледи на избалансираност на оските на возилата и приколките, како и да ги проверуваат сопирачките како не би дошло до непотребни блокади.

Не заборавајте на техниката на возење

Голем придонес кон оптимизација на трошоците дава и техниката на возење. Правилниот начин на возење кој исклучува нагли забрзувања и сопирања, влијае на намалување на потрошувачката на гориво и на подолг век на траење на пневматиците. Потрошувачката на гориво при возење можеме ефикасно да ја пратиме преку мерачот на проток или преку други телеметриски уреди.