GoodYear Omnitrac

Прва серија на товарни пневматици со Durashild технологија

При изработка на новата генерација на товарни пневматици OMNITRAC, Goodyear по прв пат ја употреби патентираната технологија DuraShild која обезбедува додатна отпорност на оштетувања и овозможува подобра обновливост на пневматиците

Новата генерација Goodyear пневматици OMNITRAC која е специјално развиена за возила кои користат комбиниран превоз (нпр. за кипери, мешалки за цемент, пумпи за бетон и камиони со ниски приколки за употреба во градежништвото, во превозот на отпад и рециклажа, во дрвената индустрија и земјоделството) и секојдневно се соочуваат со тешки услови на неасфалтирани патишта, но поколемиот дел возат по патишта. „Раководителите на возните паркови денес, на подрачјето на комбинираниот превоз, побаруваат пневматици кои нудат разноврсни перфоманси и поголема отпорност спрема условите во кои се срет нуваат при возењето по уредени патни површиникако и при возење по неуредени терени“ – вели Бенџамин Вилот, директор на маркетинг за товарни пневматици, Европа, при Goodyear. „Нашите нови пневматици OMNITRAC се продолжување на развојот на нашата претходна серија и сега ја вклучува DuraShild технологијата и затоа се поотпорни и нудат подолг век на траење. За рабусноста на тие пневматици толку сме убедени што обезбедуваме гаранции за евентуални оштетувања“.

Серијата изработена со патентираната технологија DuraShild, која обезбедува поголема робусност и подолг работен век, ја сочинуваат пневматиците OMNITRAC S и OMNITRAC D. Со оваа серија се опфтаени 10 димензии (шест пневматици OMNITRAC S за управувачките оски и четири пневматици OMNITRAC D за погонски оски) вклучувајќи ја и димензијата 315/70R22.5 која за прв пат доаѓа во сегментот на комбинираниот превоз и го прати растечкиот тренд на користење на стандардни влечни единици во тој сегмент. Исто така, серијата е во склад со 3PMSF и ги задоволува најстрогите норми за зимски пневматици.Патентираната DuraShild технологија на Goodyear употребена е во облик на иновативниот горен заштитен појас во конструкцијата на пневматикот кој со спречување на продорот на камења и останати предмети обезбедува додатна отпорност на оштетување на каркасата, а тоа овозможува поголем број прејдени километри и подобра обновливост. Освен тоа, спречува и продор на вода која би можела да предизвика корозија на појасите на каркасата. Горниот дел е направен од неметален корден материјал, прв пат употребен кај пневматиците, кој ја подобрува обновливоста на пневматиците.

OMNITRAC S и D истовремено имаат зголемена дебелина на слоевите во каналите, со додатна мешавина отпорна на кинење. Тоа придонесува за поголема километража, зголемена издржливост на каркасата и заштита од незгодни оштетувања од камења и други предмети. Додатна карактеристика на овие пневматици е вградената радио-фрекфентна идентификација (RFID) која овозможува едноставна идентификација и поврзување со системите за управување и пратење на пневматиците.

Omnitrac S со робусна основа од пет ребра со ламели

Пневматиците OMNITRAC S за управувачка оска имаат робусна шара со пет ребра и ламели со кои се постигнува оптимална газечка површина и издржливост. Таквата основа на шарата обезбедува поголема километража, рамномерно абење и добра налегање. Освен тоа, пневматиците OMNITRAC S за управувачката оска се оптимално подесени за користење на предните погонски оски, што вклучува и хидраулични системи против пролизгување. Пневматикот го одликуваат и каналите „Quick release“ кои со брзо испуштање на туѓи предмети го намалуваат задржувањето на камењата и овозможуваат ефикасна заштита од продирање на камењата и оштетување на каналите, што ја зголемува робусноста и ја подобрува обновливоста на пневамтикот.

Omnitrac D за одржување на доброто налегање преку целиот век на траење

Пневматиците OMNITRAC D обезбедуваат одлично налегање и рамномерно абење на сите површини, кое е овозможено од усмерената основа на газечкиот слој со три ребра и ламелни блокови, и кај нив е, благодарејќи на ламелите, удвоен бројот на рабови за налегање. Цврстото централно ребро на пневматикот овозможува високо ниво на отпорност на оштетување и рамномерно абење при абразивни услови на користење, поголем број прејдени километри и поголема издржливост на каркасата. Висок степен на налегнување преку целиот век на траење, и при секакви патни услови, на пневматикот OMNITRAC D му овозможуваат широко отворените канали кои овозможуваат одлично отфрлање на калта и камењата. Со тоа се зголемува и отпорноса на лупење и кинење под моментот на сила, дури и во случај на делување на сопирачкиот уред.

Пневматици за приколки

Пневамтиците за приколки Goodyear OMNITRAC MST II 385/65R22.5 и 445/65R22.5 ги надополнуваат пневматиците од сериите OMNITRAC S и D затоа што нудат повеќе прејдени километри и подобро налегање како на патишта така и на терен. Пневматиците имаат широк газечки слој и овозможуваат рамномерно абење, нудат можност за зголемен број прејдени километри во комбинација со одличен отпор на оштетувања и висока стабилност.

Обновливост и гаранција

Сите пневматици OMNITRAC се равиени во склад со концептот на Goodyear, „повеќе живот“ затоа што е можно да им се нарежат канали и да им се обнови газечкиот слој. Тоа им овозможува на возните паркови на работни возила повеќе да ги искористат своите пневматици и големо намалување на трошоците по километар. На корисниците на пневматикот OMNITRAC им стои на располагање и бесплатна гаранција OMNITRAC која ги покрива случајните оштетувања на пневматикот а на раководителите на возните паркови им овоможува безгрижност.