GVT Ox

Кога ќе пораснам ќе бидам…

► Запознајте го Ox, првиот камион на расклопување кој треба да ги моторизира нациите во развој

Да се моторизираат заостанатите земји е задача со многу проблеми – претоварени возила заради нивниот недостаток, лоша или никаква патна инфраструктура, оддалечени и од цивилизацијата практично отсечени региони… Но, решението може да биде вакво нешто – робусен повеќенаменски камион, доволно цврст да се справи со најбедните патишта, но сепак евтин за купување и одржување кое може да го прави секој малку приучен. Конструиран и направен во Велика Британија, тој не наликува на било што друго познато и нема никаква конкуренција во ниту еден поглед – концептот, перформансите, цената…

Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (3)

Замислен како камион на расклопување со револуционерна конструкција и теренски способности, тој е резултат на амбициите на амбициите на луѓето од Global Vehicle Trust фондацијата основана пред пет години со цел да се развие возило наменето за руралните делови на неразвиените земји, возило со кое тамошното население би ги обавувало своите секојдневни работи. Визијата за него доаѓа од основачот на фондацијата Сир Торквил Норман, кој инспирацијата ја имал од интересниот но неуспешен Africar проект од осумдесеттите. И Ox (на англиски вол) со својата иновативна едноставност и мултинаменска функционалност ја има истата цел, но кон неа се стреми на сосема поинаков начин благодарејќи на умешноста на Гордон Мари, име доста познато во формула 1, уште повеќе светот на инженерингот. Прототипот беше развиен во 2013-та, а сериската верзија планирана за наредната 2014 година. Но заради потребата од додавање дополнителни функционалности како што се отстранливата задна врата која може за служи како рампа за товарање или пак рамките на седиштата од задниот дел за подметнување под тркалата ако возилото заглави во песок, терминот за почеток на неговото производство сé уште е неизвесен.

Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (9)Конструкцијата му се заснова на принципот на расклопување. Тоа овозможува возилото практично расклопено во една компактна целина лесно да се транспортира било каде низ светот. При конструирање е водена сметка за габаритите (голем е отприлика колку Toyota RAV4) и сé е направено така во еден стандарден 40′ контејнер да собира шест возила во расклопена состојба. Тоа, освен што ги намалува трошоците за транспорт, на крајната дестинација ќе креира и работни места – за склопување на едно возило се потребни 12 часа и тројца тренирани вешти работници. Телото му е направено од ламинирани панели, механички прицврстени со видливи завртки. Во кабината со три седишта централното место е резервирано за возачот, што без скапа адаптација го прави погодно за сите земји, без разлика по која страна од патот возат. Шасијата му е од челични профили со поврзани дрвени панели за да се обезбеди торзиона крутост. Независното ослонување со долг од на пружините и грубите пневматици му се прилагодени на терените по кои ќе се движи. За погон е искористен 2,2 литарски дизел мотор од Ford Transit со 99 коњски сили и 310 њутн метри, кој преку петстепен мануелен менувач ги задвижува само предните тркала за да се зачува едноставноста на механиката. Бројките понатаму кажуваат дека има носивост од дури 1,9 тони, двојно поголема од скоро сите европски доставни возила. Просторот за товар од 7 кубни метри е доволен за 8 буриња или 3 еуропалети, а ако пак со него се превезуваат луѓе ќе ги собере 13-мина.

Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (31)

Првите реакции добиени главно од програмите за помош во Африка се доста позитивни. Согледувајќи ги неговите можности да биде дел од нешто од темел ново, нешто пионерско што ќе направи трајна промени во фундаменталниот начин на животот на луѓето, Сир Торквил Норман се надева дека ќе најдат инвеститори кои ќе овозможат производство на 10.000 вакви возила годишно – неговиот сон е да го види Ox во секое африканско село како им служи на мештаните за носење чиста вода за пиење, жито за јадење, материјали за градба на куќите, ѓубриво за посевите… Но тој момент сé уште е далеку – во фондацијата во моментов се ангажирани да се соберат доволно средства за да се комплетираат тестирањата.

Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (44)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (7)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (9)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (11)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (26)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (31)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (48)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (1)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (30)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (24)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (4)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (3)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (22)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (33)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (39)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (42)
Global Vehicle Trust OX by Gordon Murray (14)