Haide Airbag Dock Leveler

Рампа за утовар/истовар со воздушни перници

Мора да признаеме, интересен и практичен додаток

Не секој камион или приколка има можност за регулирање на висината на утоварниот дел, а  разликата на нивоата меѓу камионскиот и магацинскиот под макар и за некој сантиметар знае да створи многу проблеми. Кинеската компанија Haide има едноставно и евтино решение за ова – рампа за утовар/истовар која се крева со воздушни перници. Оваа компанија во своето портфолио има повеќе модели со различни димензии и носивост меѓу 10 и 25 тони. Во зависност од големината, височината може да се прилагодува меѓу +300/-300 и +450/-350 mm. Направени се од дебел челичен лим, а компресорот за воздух е електричен. Ракувањето е едноставно, а триделниот страничен штитник спречува евентуални повреди на работникот. Двата ламинирани гумени заштитници браника со вткаен текстил ги апсорбираат ударите од камионите, а имаат гаранција од една година на целиот склоп и 5 години на челичната структура.