Hidromek Alpha 102S/102B

Култивирана комбинирка

Alpha серијата на комбинирани машини на Hidromek е позната по своето економична експлоатција, одлични перформанси при интензивна екплоатација, едноставно оперирање и задржување на вредноста. Сите тие особини прават инвестицијата во нив да биде оправдан економски чекор

Комбинираните машини се особено благодарни средства за работа, поготово ако тие припаѓаат на групата која не надминува 10 тона. Тоа добро го знаат градежниците кои треба да оперираат во урбани средини или пак на друг простор кој е физички ограничен.

HMK 102 B-S Alpha_EN_Katalog-01

Токму при такви услови Alpha серијата на Hidromek ќе може да ги демонстрира сите свои предности. Основната кофигурација го гарантира тоа: моторот од 4.400 ccm со својата економичност и постојаност, автоматскиот менувачот со 6 степени нанапред и 3 наназад како и двете оски посебно димензионирани за тешки услови на работа. Од високите технологии тука свое место најдоа и системот за стабилизација на движењето, контролираната распределба на хидрауличниот притисок но и диференцијал за изедначување на моментот на предната оска и затварач на диференцијалот на задната оска.

Класична конфигурација

Уште на прв поглед се воочува класичниот распоред на механичките склопови. Тракторската архитектура е нарушена со димезниите на тркалата кои кај “B” варијантата се разликуваат за 8 инчи (20 со 28), додека кај “S” изведбата тие се со идентична големина од 28 инчи.

alpha-15-10-2014

Инаку моторот кој е стандардно сместен зад предната оска, е изработен под Perkins и од своите 4.400 ccm ослободува рамно 100 КС. Во зависност од желбите моторот може да ги исполнува еколошките стандарди Tier 3 или Tier 4i при што во последнава варијанта вртежниот момент од 410 е зголемен на 450 Nm.

Силината на моторот се пренесува преку автоматски менувач кој има 6 степени за возење нанапред и три наназад. Тешките терени и посложените апликации се совладуваат со електронска контрола на пролизгувањето на предната оска или пак со вклучување и на задната оска која има и додатна можност за затварање на диференцијалот.

Вака посложената механичка основа е подржана од хидрауличен систем кој прилично домаќински се однесува спрема создадениот работен притисок. Имено, во случај на повеќе вклучени функции, електрониката ќе се погрижи за соодветна распределба на притисокот спрема моменталната оптеретеност на компонентите, а истата е опремена и со додатен вентил за регенерација на потребниот притисок.

HMK 102 B-S Alpha_EN_Katalog3-02Современиот конструкторски пристап се огледа и во капацитетите и стабилноста на структурата и при изведувањето на работи при сложени услови. Освен големите механички стабилизатори во машината е вграден и софтвер кој преку регулација на притисокот на хидрауличните системи, автоматски ја стабилизира машината. Ако посветеноста кон деталите најдобро го опишува конструкторскиот пристап, да истакнеме дека сопирачкиот систем има посебен акумулатор кој во случај на пад на работниот притисок обезбедува стврднување на педалата и непречено сопирање.

Панорамски поглед

Кај машините кои од едната страна имаат натоварна лопата додека од другата им е монтиран класичен ровокопач, потребна е исклучителна видливост и на двете страни. Поради фактот што работниот простор на операторот треба да одговара и на двете позиции , на некој начин симетричното сместување во однос на двете позиции само се наметува.

HMK 102 B-S Alpha_EN_Katalog21-01Токму во организацијата на простотот на операторот, Alpha 102S/102B нуди решенија кои несомнено се наметнуваат како најнапредни во својата класа. Со едиште кое се подесува по сите параметри и со можност за подесување на управувачот веќе се обезбедува одлична контрола над уредите. Останатите команди се логично распоредени и лесно употребливи а за добрата атмосфера се грижи ефикасниот уреди за климатизација. Иако погледот на сите страни е надпросечен, кабината ги исполнува строгите FOPS/ROPS стандарди. За добра видливост во секое време и услови се грижат по 4 фарови поставени на предната и задната страна на машината.

Едноставното оддржување секој го очекува

Едно од главните очекување кај современите машини е да имаат крајно едноставно и одржување кое се изведува во краток временски рок. Се рабира тоа го имаат комбинирките од Alpha серијата. Со подигнување на предната маска се отвара пристап до ладилникот и радијаторите додека со отварање на двата странични капаци практично ниту еден дел за контрола и интервенции не останува покриен. И сето тоа од ниво на тлото, што пак е карактеристика на сите современи уреди.

1600x628_03_030215

Транспорт

Уште да истакнеме дека Hidromek Alpha 102S/102B имаат оперативна тежина од максимални 9.550 kg (во зависност од изведбата) а сето тоа е спакувано во транспортен габарит кој изнесува (605 x 230 x 650) cm. Еве уште еден одличен пример дека вредните и сестрани работници воопшто не треба да изгледаат како атлети.