Hitachi EH 1700

Hitachi преферира механика

Тешкиот дампер на јапонците може да понесе тежина од преку 100 тони, тоа да го прави долго време притоа барајќи за себе многу скромно внимание

Дамперите се придружен дел на сите рударски копови и каменоломи. Свежо ископаниот материјал треба брзо и лесно да биде пренесен до линијата за обработка. Тој процес подразбира стресни моменти при товарење и истоварување на тешкиот материјал. Притоа конструкцијата на дамперот треба да ги издржи сите тие стресови и плус тоа максимално натоварен треба да се движи низ нерамен терен и тоа да го прави долги години во низа. Еден од производителите кои преку половина век се соочува со тие предизвици е секако Hitachi.

Последната генерација на тешкиот дампер од серијата „ EH“ се потпира целосно на класичните механички решенија избегнувајќи ја така хидрауликата која знае понекогаш да покаже и незгоден карактер.

untitled

Што вели механиката

Конфигурацијата со мотор сместен напред и менувач сместен на пола пат помеѓу двете оски, овозможува одлична функционалност. Во менувачката кутија (производ на Allison), која е наполнета со синтетичко масло, има 6 автоматски степени на пренос. Предвидено е маслото да се менува по 4.000 работни часови што значи дека внатрешните отпори и ладењето на целиот склоп е многу ефикасно.

untitledПри разгледување на масивната носечка структура внимание привлекува начинот на кој се споени компонентите при што големо внимание е посветено на стресните ситуации при товарење па спрема нив е изведено и спојувањето на челичните елементи.

За сместување на моторот предвиден е голем простор кој овозможува вгнездување на 16 цилиндерски мотор од Detroit Diesel со огромни 31.9 литри или пак мотор од Cummins Quantum со идентична конфигурација и 30.5 литри. Тој момент гарантира лесно одржување како на моторот така и на останатите склопови.

За сопирање на оваа голема тежина се грижат задни дискови кои се потопени во течност како и предни суви дискови. Ова решение е применето поради тоа што при максимално товарено возило тежината со поголем процент паѓа врз задната оска. Кога ќе го истакнеме и фактот за хидростатскиот систем за управување, тогаш на некој начин ќе биде заокружена механичката структура на дамперот. Притоа да не заборавиме и на потпирањето каде што амортизерите се поставени во вертикална положба, што пак овозможува максимална пригушување на стресните ситуации.

untitled

Капацитети

За дамперите на Hitachi важи вистината дека иако се ангажирани на сите континенти, задачите ги извршуваат без поговор и со постајан квалитет на сите вградени компоненти. Тоа е одлична референца која е градена низ декадите. Квалитетот е докажан, но што е со ефикасноста и економичноста? Да ги илустрираме тие вредности преку бројки.

untitledОперативната тежина на моделот EH 1700 изнесува нешто над 68 t. додека понесениот товар може да изнесува максимални 104.9 t. Големината на товарниот простор од 39.5 m3 при товарање на средни и поголем карпест материјал може да досегне до 54.1m3 односно 60.4 m3. Стандардниот мотор на Detroit Diesel ослободува 1.050 КС, посебната негова изведба 1.250 КС додека ако е вграден Cummins Quantum тогаш на располагање се ставени 1.200 КС.

Кога ќе се погледнат бројките станува малку појасно зошто огромен дел од акцентот се става на механичките компоненти и нивниот квалитет. Всушност овде говориме за класични механички компоненти кои се оптимизирани со најсовремени електронски уреди за управување и контрола, а резултатот од таквиот пристап е инвестиција која дава извонредна ефикасност при работата и постојаност и доверливост при долгогодишна употреба.

Дали е тоа нешто ново што ни го кажуваат јапонските производители или е веќе добро позната приказна?

hitachi_eh1700_1