Голем багер во мини пакување
► Малите хидраулични багери најчесто се среќаваат во урбани услови на работа а помалку и при изведување на патни правци каде што служат за фино дотерување на теренот
Кога однадвор ќе се погледне Zaxis 38U тој наликува на вообичаен багер. Тука е кабината, зглобната работна рака, гасениците за пренос, зглобниот прстен за ротација, секалото,… Но тоа што го разликува од останатите хидраулични багери е неговата големина. Всушност не станува збор за големина тука за еден од најскромните багери што воопшто се нуди.
За да ги отстрани сите сомнежи поврзани со димензиите, Hitachi вградува технологија со која малиот багер воопшто не заостанува од своите поголеми браќа.
Пространа кабина
Сите знаеме дека јапонците знаат да се организираат на мал простор. Таа универзална вредност на прекрасен начин ја демонстрираат со внатрешноста на Zaxis 38U. Иако тоа никој не очекува, внатрешноста на багерот нуди доволен комфор за операторот и тоа без разлика на неговите физички димензии. Освен широкото седиште, во копактната кабина е пронајден простор за сите класични команди па дури и наслони за рацете. Од вградената опрема тука е пронајден простор за нов LCD монитор па дури и за автоматски контролиран клима уред.
Тајната на добрата организација е сокриена во фактот што моторот и останатите механички компоненти се сместени под кабината а ладилниците на нејзиниот бок. Од компактноста на кабината профитира видливоста која на сите страни е повеќе од добра. Приказната за кабината ќе ја заокружиме со механичката заштита која е изведена со појачани челици и ги изполнува сите безбедносни норми.
Багерчето може многу
Во прес материјалите кои ги објавува Hitachi посебно се истакнуваат постојаноста и издржливоста на малиот багер. Тие особености се на исто ниво како и кај останатите продукти на јапонскиот производител. Притоа се истакнуваат економичноста при работа и широкиот опсег на работни можности. Новиот трицилиндерски дизел мотор со силина од 28.4 КС, во однос на својот претходник троши за цели 15% помалку. Ефикасноста на трите хидраулични мотори (два за движење и еден за ротација) е потпомогната со електронско оптимизирање на хидрауличниот систем.
При овие услови ефикасноста на машината воопшто не е намалена, напротив! Еве неколку поткрепи на тврдењето: багерот може во една минута да изврши 9 ротации околу својата оска а дво-степенската трансмисија овозможува брзина до 2.8 односно до 4.3 км/ч.
Скромни димензии
Компактната изведба најчесто значи голема покретливост односно одлично снаоѓање на мал простор и брз работен циклус. Вкупната должина на гасениците е 211 cm со широчина од 30 cm, бидејќи нивната широчина е 174 cm а кабината е потесна, тоа воедно е и вкупна широчина на мини багерот. Ако кон овие димензии ја додадеме и максималната височина на кабината од 248 cm и транспортната должина од 464 до 476 cm добиваме целосна слика за компактните димензии.
Кон овие ситни бројки можеме да го додадеме и капацитетот на корпата од 0.10 m3 но и тоа не претставува пречка за постигнување на максимален распон на корпата од 508 cm и длабочината на копање 306 cm. Овие податоци се однесуваат на пократката работна рака од 132 cm а разбирливо, подолгата работна рака (172 cm) која исто така стои како опција, располага за нијанса и со подобри постигнувања.
Евтино и едноставно оддржување
Контролните точки се групирани во една точка до која се стигнува со едноставно подигнување на задниот поклопец. Странично пак, се поставени двата ладилника до кои исто така лесно се пристапува. До моторот малку потешко се стигнува, со подигнување на целата кабина но и тоа не претставува поголема компликација. Сето ова наведува на исклучително лесно и едноставно оддржување. Од друга страна, квалитетот на употребените компоненти гарантира исклучително долг период на потреба за заменски делови. Заклучокот, за исклучително краток период во кој машината ќе биде надвор од употреба поради неопходните интервенции за оддржување, се наметнува сам по себе.