Дијаманти злато вредни
Звучи контрадикторно но е вистинито – дијамантските дискови на Husqvarna се злато вредни, како алат, се разбира
Кога ќе се спомене рушење, на секого од нас најпрво на памет му паѓа голем багер или пак метална кугла закачена на сајла, како на филмовите. Сепак, таа слика е погрешна бидејќи иако директно поврзано со употребата на груба сила, за рушењето е потребна голема прецизност. А таа не може да се постигне без специјални алати како што се дијамантските секачи, кои пак освен прецизни мора да бидат и моќни, и издржливи. Значењето на овие нивни карактеристики уште повеќе доаѓа до израз при изведувањето разни интервенции на веќе изградени објекти – на пример санирање на пукната цевка. Од нив во такви работи се очекува да излезат на крај со суштинска спротивставеност, бидејќи секоја градба се прави да биде што подолготрајна и употребата на што е можно поцврсти материјали се подразбира.
Во такви случаи, дијамантските алати за сечење се единствени со кои може да се заврши работата – брзо и хируршки прецизно. Тие се направени со ласерски заварени сегменти и во себе содржат високата концентрација на дијаманти што ги гарантира нивната ефикасност, долготрајност и квалитетот на сработеното. Без нив ваквите разни мајсторски интервенции би наликувале на сечење лубеница со секира. Затоа и велиме дека дијамантските дискови како алат се злато вредни.
Можеби е случајно, а можеби исто размислувале и во Husqvarna кога широката производствена палета дијамантски дискови ја поделиле во три основни семејства – Silver, Gold и Professional. Секое од нив има свои карактеристики и можности, така што изборот практично е неограничен. Но не секој диск има еднакви способности за справување со разни материјали. Ќе ја споменеме новата Vari-Cut S50 линија на дијамантски дискови која спаѓа во Silver класата со стандарден квалитет. Овие дискови се универзално прилагодени за секој материјал. Може да се монтираат и на рачна пила за сечење на ѕидови, а и на режачи на асфалт. Развиени се за извршување разни секојдневни операции и најдобри перформанси покажуваат во општи градежни работи. Се карактеризираат со висока брзина на сечење и отпорност на абење. Се употребуваат за широк дијапазон материјали вклучително и бетон, асфалт, гранит, мермер, цигли, плочки, разни абразивни материјали… Конструирани и произведени се според EN13236 стандардот, со што е осигурено највисоко ниво на безбедност во работата. На градежниците им се омилени бидејќи обезбедуваат квалитетно завршена работа и имаат висок степен на издржливост за прифатлива цена.
За поголеми предизвици, пак, се наменети S 1465 Diagrip2 дијамантските дискови од златната серија на Husqvarna. Тие имаат одлични перформанси и како премиум производ се имаат покажано како најдобри за армиран бетон и асфалт, а дури можат да се справат и со железо. Овие, како и сите други дискови на Husqvarna, одговараат за широк спектар машини и се достапни во бројни варијанти, така што секој може да го најде она што најмногу му одговара за дадената работа.