Hyster

Вилушкар-кипер

► Американската компанија Hyster специјализирана за транспортни решенија за магацинско работење има интересно решение со кое значително ја зголемува применливоста на своите вилушкари

Со додавање хидрауличен механизам за ротирање на товарот, вилушкарите на оваа компанија стануваат мини-кипери. Направен од страна на италијанската компанија Bolzoni Auramo, тој е способен за ротирање на товарот за 360 степени, односно со други зборови кажано, може да го сврти наопаку на една или друга страна и тоа со различна брзина. Овие дополнителни уреди фабрички се монтираат и доаѓаат со веќе поврзани инсталации со вилушкарот. Можат да се добијат со моделите од 2 до 3,5 тони, без разлика на погонот – електрични, дизел или LPG.