Hyundai HR120C-9 – Зглобен компактор

Поголема ефикасност со помала потрошувачка

HR серијата на зглобни компактори Hyundai ги нуди со оперативната тежина помеѓу 7.100 и 13.900 kg и со избор на дизелски мотори од Perkins или Deutz со силина помеѓу 84 и 140 КС

Во Hyundai веруваат дека и кај класичните машини како што се тоа на пр. набивачите, можат значително да ја зголемат ефикасноста. Тоа размислување го поткрепуваат со конкретни примери, преточени во HR серијата на зглобни компактори.

Hyundai Atlas productsСо низа иновативни решенија, можеби навидум ситни и неважни, Hyundai му нуди на пазарот производ кој е попродуктивен, поекономичен и во прв ред долговочен и доверлив. Во тој контекст техничките решенија од типот на заедничка зглобно клатно (не е потребно одржување) кое овозможува предниот и задниот дел на набивачот да осцилаираат во ист ритам факт што овозможува идентична тракција на двата дела како и многу ниско тежиште на целата машина, придонесуваат кон искажаните вредности.

Од останатите спецификации на набивачот HR120C-9 би ги истакнале максималнаиот агол на работење од 35 степени како и влезниот агол од 12 степени кои заедно со автоматската тракција обезбедуваат одлични  маневарски способности на машината. Електронската контрола на работниот притисок овозможува прилагодување на типот на подлогата и рамномерност на обработената површина.

Се разбира дека тука е и можноста за обработка на насипи и други површини кои се поставени под одреден агол, услови при кои автоматизираната тракција дава свој најголем придонес.

hyundai-hr120c-9_11351504

Погонска група

Набивачите на Hyundai во принцип можат да бидат опремени со дизелски агрегати од британски Perkins или германски Deutz. Во HR120C-9 е вграден мотор од Deutz со 130 КС. И на оваа позиција конструкторите на Hyundai интервенирале па така сега моторот во просек работи со 400 вртежи помалку отколку претходно. Тоа е постигнато со контролна електроника која во континуитет го прати потребниот притисок во хидрауличниот систем со што се овозможува максимална искористеност на хидрауличните пумпи. Ефектот од намалување на просечните вртежи со кои работи дизелскиот мотор се огледа во намалена потрошувачка а како секундарни ефекти се чувствуваат намалување на бучавоста и вибрациите.

20140304-093601-11322490_11322496Од останатите карактеристики на компакторот би ги издвоиле оперативната тежина од 12 t. потоа широчината на барабанот од 210 cm, пречникот од 150 cm и дебелината на ѕидот од 30 mm. Од набивачките параметри би ги издвоиле само основните: линиското оптеретување од 32.80 kg/cm, амлитудата помеѓу 1.8 и 0.6 mm, како и фрекфенцијата која се движи во границите од 30 до 40 Hz.

Ако подробно се анализра компакторот на Hyundai се доаѓа до општо познатиот заклучок кој говори за пристапот на далеку-источните земји кон конструирање на своите продукти – се е веќе измеслено и се може да се направи уште подобро.