Hyundai R800LC-9

Прецизна грамада

► Големиот багер на Hyundai под робусна конструкција крие нови технолошки решенија кои помагаат во постигнувањето на економично работење и прецизно управување со сите апликации


Ако имате потреба од машина за померување на големи количини на терен, сериозно треба да го разгледате моделот R800LC-9 на Hyundai. Со вкупна должина од 13.1 m. и оперативна тежина од поприлични 81.2 t тој ќе може да копа до длабочина од преку 15 метри и да досегне до височина од 12.6 m.
За движење на оваа железарија се грижи шестцилиндерски линиски мотор од точно 15 литри волумен, купен во британски Cummins. Вкупната силина од 517 КС се испорачува почитувајчи ги притоа Tier III нормите. Зависно од поставените работни задачи, на багерот може да се монтираат корпи кои може да понесат товар во распон помеѓу 1.65 и 5.10 m³.

Среќен оператор

Кога самата природа на работата е прилично стресна, пријатното работно место ќе знае во добра мера да ја неутрализира таа состојба. Тоа добро го проучиле експертите на Hyundai па затоа кон операторот се однесуваат како кон “негово височество“.
English_1_2_r800lc-9-crawler-excavator-01Во просторната кабина тој ќе може да пријде (качување) релатививно лесно. Внатре ќе го дочека пријатно и квалитетно опкружување со можност за прилагодливо сместување во комотното седиште. Освен параметрите на седиштето, може да се прилагодат и насловите за раце, палките за командување како и екранот кој ги пружа бараните информации.
Посебно внимание е посветено на видливоста па затоа и се вградени големи стаклени површини кои се изработен од посебно стакло, потоа кроевен стаклен отвор, задна камера како и големи (греени) ретровизори. Заштитата на кабината е изведена со челични профили кои сега се потенки но и поцврсти од претходните изведби и кои помеѓу себе се споени со посебна технологија. Сетот од групирани фарови, секогаш стои подготвен да помогне при намалена видливост.

Испорака на силина со дозвола од комјутер

Економичната експлоатација е тема со која јужно-корејските инженери поприлично се позабавиле. Идејата е јасна: не смее ниту “грам“ од генерираната силината да отиде напразно. За постигнување на зацртаната цел тие вградиле контролна електронска единица која е сетирана на три различни начини (mode) на работа: 1. Power-mode – ја максимизира брзината на вртење на моторот и испорачува максимална силина; 2. Standard-mode – испорачува редуцирана (секогаш константни вртежи на моторот) силина за постигнување на оптимални перформанси и редуцирана потрошувачка; hyundai-r800lc-9_gallery_02 3. Economy-mode – испорачува прецизна доза на силина на моторот и проток на хидрауликата, во зависност од условите на оптеретеност.
Преку истата контролна единица, операторот може да ги подеси параметрите на моторот во зависност од работните услови но и спрема сопствените преференции. Во склоп на автомтиката, посебни вентили на хидрауличниот систем, се грижат за давање на приоритет на работната рака (стрелата и кракот) или пак на движењето и ротирањето на машината. Сѐ се става во функција на економичната екплоатација. Нарочито хидрауликата која преку посебни вентили го прераспределува притисокот точно таму каде што е и најпотребен. Освен потрошувачката, од прецизното дозирање на притисокот, бенефитира и мекото и чувствително оперирање со командите. Таа особина е во чиста спортивност со големината и робусниот изглед на машината. Со Auto boom функцијата и давањето на приорите на работната рака или на движењето, се зголемува оперативната брзина а со тоа и работниот циклус.

Оддржување со инструкции од дистанца

Преку било која мобилна мрежа, податоците од комјутерот може да се следат од еден заеднички контролен центар и да се добијат потребните инструкции за оптимално оддржување. Тоа што може да се направи на самото место е контрола на параметрите преку кабинскиот монитор а интервенциите и визуелната контрола преку групираните филтри, ладилници и заедничкото подмачкување.
English_1_2_r800lc-9-crawler-excavator2-01Продолжениот век на потрошниот материјал – филтрите на хидрауликата се менуваат на 1.000 а самата хидраулична течност на 5.000 работни часови – е на иста линија со вкупниот карактер на R800LC-9. Околу погонскиот мотор и неговата надалеку позната доверливост, не би требало да се дискутира ништо посебно. Големото момче кое работи тивко, мирно и економично, располага со точно 15 литри волумен, расподелен во шест линиско поставени цилиндри а максималната силина од 517 КС ја испорачува при 1.800 врт./мин.
Со сопствената тежина и со големиот товар, успешно се носи носечката структура во облик на “X” буквата а за маневрирање се задолжени гасениците изработени од посебно цврст челик кои погонот го зимаат од хидрауличниот мотор со аксијални клипови поставен на самите ротирачки елементи од гасениците.

maxresdefault