Hyundai Robex 210w-9mh

Одличен преглед на ситуацијата

► Потребите за багер кој ќе биде специјализиран за работа со отпад и рециклирачки материјали, Hyundai ги решава со понуда на машина кај која кабината има можност за хидраулично подигнување и богат избор на ротирачки корпи (грајфери) прилагодени спрема видот на обработуваниот материјал


Robex 210w-9mh на прв поглед изгледа како сосема обичен багер. Класичната конфигурација: кутијаста шасија поставена на четири двојни гумени тркала, кабина, работна рака поставена од десната страна, мотор сместен зад кабината, … со ништо не оддава впечаток на работна машина со специјализирана намена.

Тој впечаток веднаш се менува штом се погледне „корпата„. Всушност наместо класична корпа вграден е „грајфер“ за фаќање на секундарни суровини или отпад.

Спецификите на машината не застануваат тука. Заради подобрување на видливоста кабината на операторот може вертикално да се подига. Тоа значи дека тој ќе има можност за додатни 190 cm да се подигне над основното ниво и од таа позиција прецизно да управува со машината.

Не случајно инженерите на Hyundai се решиле да ги искомпликуваат механичките склопови. Спецификата на работните задачи наметнува потреба за подобар увид во „брдото“ од секундарни суровини кој треба да се помести.

Втора посебност според која оваа специјална машина се разликува од основните изведби, секако е корпата односно грајферот. Со стандардната опрема доаѓа корпа со т.н. „портокалова“ форма а во зависност од специфичните потреби таа може да се замени со уште четири други корпи, специјално прилагодени за обработка на различен вид материјал.

Стандардна механичка постава

Во суштина Hyundai Robex 210w-9mh претставува багер на тркала кој се движи со помош на хидростатски мотори. Кутијастата носечка структура на краевите завршува со двојни тркала а од горната страна е ротирачката единица, исто така стандардно, е придвижувана со помош на хидрауликата.

За погон е задолжен шестцилиндерски Cummins мотор кој од своите 6.700 кубици на располагање става 178 КС. Спецификите на конструкцијата започнуваат со вградувањето на масивни потпирни ногарки на сите четири агли на носечката структура. Со нивно спуштање багерот ја добива потребна статичка стабилност за подигнување на товар кој максимално може да тежи 3.226 kg. Да не заборавиме и на можноста за подигнување на кабината (190 cm) која додатно го крева тежиштето па токму затоа и ногарките треба да бидат така масивни.

Класификација и разместување

PrintСпецифичните компоненти на Robex 210w-9mh ја одредуваат основната намената на машината, а тоа е преместување на отпад и секундарни суровини. Поради различниот состав на материјалот, инженерите на Hyundai нудат неколку врсти на корпата. Згора на тоа самата корпа има и можност за ротирање што додатно ја зголемува ефикасноста при работа.

Иако операторот има можност за вертикално подигнување на кабината, неговата работна средина е сосема вообичаена. Сите команди и контроли се во согласност со стандардите на производителот а истата констатација можеме да ја кажеме и за одржувањето и сервисните интервали.

Доказ за компактноста на машината се транспортните димензии (960 x 377 x 318 ) cm, а ефикасноста може да се согледа од максималните можности на работниот зафат од 11.0 m, максималната височина на корпата од 12.6 m како и длабочината на ископот од 4.7 m.

Од овие парамтри можеме лесно да заклучиме дека универзалноста на констуркцијата овозможува вградување на додатоци кои ја претвараат во употреблива специјална алатка додека уникатното решение на подигнување на кабината додатно ја зголемува оперативноста и прецизноста при оперирањето на отпаден материјал и секундарни суровини.