Иднината е во комбинираниот транспорт (видео)

И по небо, и по земја

Mercedes спроведува тестирања на комбинирана достава на пратки со комби и дрон

Идејата не е нова, но имплементацијата е. Имено, наместо доставата на пратки со дрон да се врши од возилото до крајната дестинација, Mercedes работи на спротивна комбинација. Кога некој ќе нарача нешто, пратката најпрво од логистичкиот центар патува со дрон до возилото кое е најблиску до местото на испорака, каде ја презема курирот кој ја врши физичката испорака на финалната адреса. Во демонстрацијата што ја направи Mercedes во Цирих се користени Matternet M2 беспилотни летала кои имаат автономија од 20 km, носивост од 2 kg и вграден падобран во случај на дефект. Комбито е повеќе или помалку стандарден Vito, специјално прилагоден за оваа намена.