Iveco ќе испорача 610 нови камиони за Lannutti

Шампионска нарачка за Iveco

Iveco и групата Lannutti потпишаа договор за испорака на 610 камиони Stralis XP и NP

Lannutti како лидер во интегрираниот логистички транспорт се реши за овие камиони бидејќи одговараат на исклучително високите барања што ги имаат во однос на потрошувачката на гориво и заштитата на човековата околина. Ќе бидат набавени возила со различни спецификации, наменети за покривање на различни потреби во различни области во кои групата делува. Изборот падна на Stralis XP со Cursor 11 мотор со 480 KS, Hi-Way кабина и најнови системи за намалување на потрошувачката и постигнување на максимална ефикасност во транспортот, Stralis XP со 460 KS во специјална олеснета верзија наменети за максимално искористување на носивоста, потоа Stralis со истиот мотор во изведба на 6×2 влекач и Stralis NP со Cursor 9 мотор со 400 KS кој како погонско гориво троши природен гас, опремен со двоен резервоар кој гарантира автономија од 1.500 km.

Овој договор е најзначајниот што го има постигнато Iveco во својата историја. Групата Lannutti е основана пред повеќе од 50 години и оперира во седум европски земји. Располага со возен парк од преку 2.500 возила.