Jaltest Global Diagnostic Solutions

Дигитален алат без кој не се може

Времињата се менуваат – денес сé е дигитално, па и алатот

Ако порано добар мајстор беше оној што „од уво“ ќе знаеше да каже што е расипано, денес добар мајстор е оној што нема да дозволи нешто да се расипе. А за тоа треба алат – дигитален, се разбира, бидејќи денес сé е дигитално. Еден таков, добро познат во светот на компјутерската дијагностика, е Jaltest, за кој погрешно се вели дека е тест-компјутер. Тој всушност е многу повеќе од тоа – компјутерот е само „кутијата“ за алатот на 21-от век. Но и она што е внатре не е сé – вистинскиот алат е комплексен склоп на повеќе компоненти, во чиј развој е вложено многу време и знаење.

catalogo-jaltest-162_EN_180-2 copy

Полека и темелно развиван заедно со компанијата што го создала – Cojali од Шпанија, денес тој е нивна гордост и неопходен елемент за секој модерен сервис. Овозможува да се врши дијагностика на сите возила и машини што ги поседува секоја компанија, без разлика на дејноста – камиони, автобуси, комбиња, приколки, градежна и земјоделска механизација, па дури и пловила. Само авионите (сé уште) не се поддржани. Шегата настрана, без оглед за што се работи, со едноставна замена на каблите основната тест единица се поврзува со машината што треба да се дијагностицира и толку – остатокот од работата ќе го заврши софтверот. Ваквата универзалност е главната но не и единствената причина зошто Jaltest денес се среќава во секој современ сервис опремен по светските стандарди. Но, да започнеме по ред.

Cat_Jaltest_EU_16.2_1_EN_02-09-2016.inddКомпонентите на Jaltest дијагностичкиот систем се компјутерот, единицата за поврзување, каблите, софтверот и базата на податоци. Компјутерот за разлика од оние што ги користиме за нашите секојдневни работи, е специјално изведен за оваа намена. Внатрешноста му е горе-долу стандардна, но куќиштето е направено да биде цврсто и да ги издржи условите за работа кои владеат во сервисите или на терен. Неколкуте додадени умни решенија како што се бравата за заклучување, мониторот кој може да се ротира, рачката за носење или пак батериите со голем капацитет се резултат на годините искуство. Следен во низата е Link Interface модулот, всушност хардверот за дијагностика. Тој со компјутерот комуницира преку USB или блутут конекција, а со возилото е поврзан преку кабли. Секој Jaltest сет на Cojali вклучува пакет кабли за дијагностика, кои покрај OBD приклучокот опфаќа и кабли кои се специфични за секој производител и протокол за комуникација од регион од каде доаѓа машината – Европа, Азија, Америка…

3

Клучната улога во сета приказна ја има софтверот за дијагностика. Тој покрај големиот степен на автоматизација што го прави интуитивен за употреба, располага и со можност за мануелно изведување дијагностика, мерења, активација на компоненти, читање податоци од електронската единица на возилото, калибрација и ресетирање на електронските системи и друго. Jaltest Soft важи за најкомплетен мултибренд и мултисистем дијагностички софтвер на пазарот и овозможува изведување дијагностика на различни видови електронски единици, во зависност од типот на возилото – камиони, приколки и сé што набројавме претходно. Преведен е на 25 јазика и опфаќа 14.000 трговски марки. Исто така важно за целосно функционирање на системот е постоењето компјутерска база на резервни делови со можност за барање според ОЕ бројот од производителот или добавувачот. Тука се и технички информации за возилата (со инструкции за монтирање на деловите и нивни димензии), како и податоците за локацијата на компонентите. Самиот софтвер кој редовно се апдејтира овозможува водење евиденција за клиентите и Cat_Jaltest_EU_16.2_1_EN_02-09-2016.inddизвршените поправки, како и формирање извештаи за тоа. Целината е заокружена со 24-часовната техничка поддршка, годишните обуки и предавања, како и одреден број додатоци кои ја зголемуваат неговата употребна сеопфатност.

Еден таков е ETM модулот, всушност дополнителна функција на Jaltest која се користи за тестирање на електронски уреди и сензори директно на возилото. Ова придонесува за брзо откривање на дефектите и избегнување на грешките кои може да се јават како резултат на влијанијата од другите компоненти (кабли, конектори и слично). Неговото постоење добива посебно значење со можноста за дијагностика на EBS модулаторите, сензорите за брзина кои се употребуваат кај ABS и EBS системите како и сензорите за истрошеност на диск плочките, затоа што општо е познато дека EBS модулаторите мора да бидат тестирани директно на возилото бидејќи сите конектори (за воздух и струја) треба да бидат поврзани.

Diptico_JaltestEU_2016_ING_02_email23

Значаен дел од пакетот наречен Jaltest е и изборот на Cojali за фирмата што ќе ги застапува во Македонија. Тоа е АБ Новоселски од Струмица, која е основана во 1993 година под името АБ Мерцедес како мала семејна фирма за превоз на стоки во патниот сообраќај со еден вработен и едно возило прерасна во компанија која претставува повеќе од триесет светски познати компании за производство на делови и потрошен материјал за тешки возила и приколки. Има претставништва во Скопје, Штип и Струмица и дилери во сите поголеми градови во Македонија, а постојаниот инвентар опфаќа повеќе од 10.000 артикли. Довербата што Шпанците ја дадоа на АБ Новоселски не е случајна – истото го сторија и Continental-Contitech, Jurid, MAN, SAF, GF, Valeo, Tesla, Wolf, Nissens…, а секоја година се додава уште некоја нова програма. Основното мото на струмичката компанија е „Квалитет пред квантитет“.

Jaltest на Cojali е само еден дел од успешната приказна на АБ Новоселски пласирана во Македонија. Очекувајте дополнителни информации.