Мали машини за големи проекти
Сведоци сме на се поголеми реакции на граѓаните, граѓанските и еколошките здруженија за квалитетот на воздухот во урбаните средини, поготово при зимски услови односно во грејната сезона
Иако сме сведоци на појава на нови технологии како што се хибридните и електричните изведби, сепак возилата се јавуваат како големи загадувачи на воздухот поради што во многу европски градови се подготвува воведување на забрана за користење на возила со дизелски агрегати.
За волја на вистината, сите испитувања наведуваат на тоа дека главен загадувач претставува греењето поради што и се прават големи напори за гасификација на државата, и секако примена на гасот во системот на топлификација.
Ограничените просторни услови во урбаните средини како и густиот сообраќај не дозволуваат делумно или целосно затварање на патиштата и улиците, што се разбира, за изведувачите на тие инфраструктурни објекти претставува додатен напор.
Појдувајќи од оваа специфична задача, и целосно свесни за тежината и долготрајноста на проектите, JCB има гама производи со мали димензии но со големи технолошки можности, наменета за работа во градски услови кај кои конструкторското внимание е насочено кон поедноставено користење, оддржување и намалување на трошоците на екплоатација.
Технички специфики: Серијата Skid Steer и Compact Track Loader (компактни натоварувачи) се состои од вкупно 16 модели кои се изградени врз две платформи. Во малата платформа, која е со вкупна должина од 3.49 cm, се вградуваат два современи дизели изработени од независниот производител Kohler, кои развиваат 56 односно 74 КС. Во поголемата платформа (380 cm) се вградува сопствен JCB мотор од серијата EcoMAX, со работен волумен од 4,4 литри, и исто така 74 КС, но со вртежен момент од 400 Nm. Сите мотори ги испонуваат најновите еколошки норми, и тоа без употреба на скапи системи за третман на издувните гасови. Од тоа профитираат економичната експолатација и едноставното оддржување.
Без разлика за која платформа се работи погонот може да биде на сите тркала или пак да се одвива преку гасени ци, додека за пренос е задолжена хидростатиката која е контролирана од електро-хидрауличниот систем.
Оперативната тежина на оваа серија машини се движи во опсегот помеѓу 2.995 (за моделот 155) и 5.089 kg (за моделот 325Т), тежина во која не е вклучен евентуално монтираниот контратег.
Како ревулуционерно решение беше претставен и TELESKID кој доаѓа како мешавина на Skid Steer и телескоп. Таа комбинација се прави со задача на малите Skid Steer да им се овозможи поголема манипулативност како и поголеми висини за натоварување, поголеми длабочини на копање како и дофат за растоварување. Резултатот е одличен, се добива единствен концепт при што со мала машина може да се заврши голема работа. Како практичен пример може да послужи натоварувањето на висок камион, а знаеме тоа со стандардниот Skid Steer порано не беше возможно.
Технички специфики: TELESKID е систем кој овозможува оперативност на четири машини во едно: виљушкар, телескопска работна рака, компактен натоварувач на тркала и, се рабира, Skid Steer натоварувач.
Бидејќи TELESKID ја користи поголемата платформа во него се вградува современиот дизел на JCB од EcoMAX серијата. Дизелот со работен волумен од 4.399 ccm развива 74 КС и голем вртежен момент од цели 400 Nm. Тоа се покажува сосема доволно за машина која во оперативна состојба тежи 4.472 kg да подигне товар од 611 kg на височина од преку 4 метри.
Секако овие капацитети дека не одат на штета на компактноста на машината. Вкупната должина (со стандардна работна рака) изнесува 3,8 м додека со продолжена работна рака (Extended Boom) достигнува до 4,9 m.
Следни производи кои и беа претставени на јавноста е новата гама на мали дампери наменети за разни градилишта и за транспорт на земја. Како што може и да се очекува, основната карактеристика им е оперирањето во мали простори и на места каде што не може да се движат камионите.
Со оваа широка гама на производи ќе им се овозможи на нашите стопанственици замена на старите технологии со современи, ефикасни и штедливи машини.
Технички специфики: Вкупно 7 различни модели, JCB става на располагање на градилиштата за транспорт на товар и земја. Овие дампери се разликуваат според димензиите, капацитетите и изведбата. Заедничко за сите е што имаат зглобна конструкција, се движат на тркала, користат корпа, а истоварот се одвива преку хидраулично подигнување.
Разликите се прават во големината и типот на моторот како и според капацитетот на хидрауликата. Иста така, разлика има и во работното место на операторот кое може да има само заштитен ролбар па преку отворена, па се до целосно затворена кабина.
Сепак најголемата разлика ја прават димензиите, така што вкупната должина се движи помеѓу 3.095 и 4.912 mm, а растојанието помеѓу предната и задната оска изнесува од 1.500 до 2.680 mm.
Во помалите модели се вградува мотор од Kubota кој во зависност од моделот може да има помеѓу 20,8 и 36,8 КС додека поголемите модели го корситат домашниот EcoMAX со максимални 74 КС. И можеби еден од најважните податоци: корисниот товар кој може да го понесе некој од седумте модели се движи помеѓу 1 и 9 тона.