JCB 131X и 150X

Два нови багера на гасеници

JCB најави лансирање на два нови багери од серијата X

После 20-тонскиот модел 220X со кој лани ја започна револуцијата на серијата X, JCB објави дека започнува со производство на уште два багера на гасеници – 13-тонскиот 131X и 15-тонскиот 150X. Тие се резултат на четиригодишна програма за развој на JCB, чија цел е создавање на најпродуктивни, практични и лесни за употреба багери на гасеници. Помалиот е опремен со EcoMAX мотор од 74 KS, за кој не е потребна замена на DPF филтерот за честички ниту пак користи AdBlue адитив. Поголемиот пак има EcoMAX мотор со 109 KS, кој исто така не бара замена на DPF филтерот.

Друга клучна карактеристика на овие два багера е пошироката и потивка кабина. Новата CommandClus кабина за 131X и 150X која херметички се затвора е за 15% поголема и има вградена ROPS рамка. Поради рамното застаклување звучната изолација е подобрена, а бучавата намалена на 67 децибели. Седиштето е комфорно со различни опции за греење и ладење, а серво-рачките се монтирани на рамката на седиштата и се движат со операторот. Педалите и другите команди исто така се редизајнирани за оптимална удобност. Целокупната командна единица содржи ергономски прекинувачи и контроли, а 7-инчниот монитор располага со интуитивно мени со ротирачки контролор во автомобилски стил. Заедно овие компоненти му овозможуваат на операторот да ги извршува операциите поефикасно. Овие машини може да нарачаат и со контрола за навалување и ГПС конекција.

Според производителот, моделите 131X и 150X имаат усовршена конструкција со додатоци за заштита од оштетување. Ревидираниот контратег има специјално дизајнирани точки на удар на аглите и по долниот раб. Вратите за пристап до внатрешноста имаат двојна обвивка со галванизирани контактни површини за поголема издржливост. Сите модели од серијата X можат да се нарачаат со армирани долни плочи, заштита од странични удари и ултра-трајна стрела со плочи за абење. Исто така, за да се зголеми издржливоста на агрегатот, резервоарите за гориво и хидраулично масло се поставени во секундарни куќишта. Хидрауличниот резервоар има нов систем за поделба со кој се намалува аерацијата на маслото и обезбедува век на траење на филтерот од 2.000 часа.

Поголемиот работен цилиндар на 150Х му обезбедува 11% поголема сила на кинење, а времетраењето на повишената моќност е зголемено од 3 на 9 секунди. За да се овозможи тоа ладилникот за хидраулично масло е зголемен за 15%. Покрај тоа, 150X е опремен со поефикасна хидраулична пумпа Kawasaki која може да работи со помала брзина на моторот и ја зголемува ефикасноста за 6%. И помалиот 131X исто така има слични подобрувања на хидрауликата со која се постигнуваат пониски оперативни трошоци. JCB Auto Idle и Auto Motor Stop функциите обезбедуваат заштеда на горивото до 5%. Како и кај поголемиот модел, и 131X благодарение на поголемиот пропорционален и електронски контролиран вентилатор има подобро и поефикасно ладење. Сите критични високо-проточни водови имаат поголем дијаметар со што се намалува загубата на притисокот. Како и кај 220X, водовите се прицврстени за стрелата со трајни гумени клипови со кои се намалуваат вибрациите. Исто така распространети во целата серија X се и помошните вентили за прекин на протокот.