JCB 3CX Stage V: Многу петки, само една тројка

Тројката на JCB доби чиста петка – буквално!

► Во историјата на JCB има многу петки, почнувајќи од 1945 година кога компанијата е основана и оттогаш поминатите 75 години постоење и произведените 750.000 комбинирани машини, но само една е тројка – 3CX, а таа доби чиста петка – буквално!

Џозеф Сирил Бамфорд го започна бизнисот во 1945 година во изнајмена гаража од 17 квадратни метри, а денес компанијата која ги носи неговите иницијали и е во целосна сопственост на неговото семејство има 22 фабрики, производствено портфолио од преку 300 модели на машини, вработува 12.000 луѓе и остварува годишен промет од околу 3,5 милијарди фунти. Заслужни во целост за тоа се комбинираните машини, кои Џозеф визионерски ги стави во служба на човештвото. Нивното појавување имаше толкаво влијание на индустријата на градежни машини што и ден-денес во Велика Британија, Ирска и Индија зборот JCB генерички се користи за ваков тип на машини, без разлика кој ги направил. А дека тоа најдобро го прави токму компанијата што ги има измислено, доказ се досега произведените 750.000 примероци.

Но во комбинираните машини на JCB не е искомбинирана само мултифункционалноста во работењето – во нив се искомбинирани и нивните фундаментални предности со најсовремените технологии. Така, најпопуларниот модел на марката, 3CX, годинава доби чиста петка – во буквална смисла на зборовите, бидејќи е опремен со најсовремен Stage V мотор. Тој сега е 3,0 литарски четирицилиндричен дизел кој ги остварува истите 55 kW како и претходниот 4,4 литарски, но со 7 отсто помалку гориво, а располага со максимален вртежен момент од 440 Nm, што е за 10 отсто повеќе. За чистотата на издувните гасови се грижи комбинираниот дизел оксидациски катализатор и филтер за цврсти честички со трајност од 8.000 работни часа. Неговата регенерација автоматски е контролирана и може да се следи со стандардниот LiveLink телематски систем.

Оваа машина во новата деценија ќе влезе и со ревидирана Command Plus кабина со интегрирани на покривот ЛЕД светла, осветлени скалила и поголеми ретровизори. Нова е и внатрешноста чиј изглед визуелно е поделен со две бои, што дава чувство на просторност и на операторот му обезбедува сталожена и комфорна работна околина. Ревидираниот управувачот со три крака овозможува подобра видливост над новиот преден контролен дисплеј. За прв пат стандардно се испорачува и фабрички вградено радио со блутут компатибилност, USB и AUX конектори и слот за SD картичка, чии функции се прикажуваат на 7-инчен екран.

JCB 3CX е способен за самонивелирање и автоматско стабилизирање, автоматско гаснење на моторот кога машината не работи за период кој операторот може да го подесува, автоматско селектирање на активните команди во зависност од свртеноста на седиштето, автоматско исклучување на погонот на сите тркала кога не е потребна теренска проодност при брзина која операторот може да ја подесува и уште доста други нешта кои работата ја прават попродуктивна. Затоа и не треба да чуди зошто денес скоро половината од сите вакви сестрани машини кои се продаваат низ светот го имаат препознатливото JCB лого.

Како и сите други машини на JCB, и оваа јубилејната и осовремена Stage V серија на 3CX е достапна веднаш и на нашите купувачи. Повеќе информации кај застапникот за Македонија Глобал Моторс од Скопје – www.global-motors.mk, e-mail: info@global-motors.mk или на тел.: 071-307-804.