JCB мали багери

Ултимативен спектар

Британската мултинационална компанија JCB со седиште во Рочестер, Стафордшир, третиот по големина производител во светот, во својата производна програма вклучува опреме и машини за градежништво, земјоделие, преработка на секундарни суровини и опрема за рушење


Кога во 1945 година, извесен Џозеф Сајрил Бамфорд од Рочестер ја основал компанијата составена од своите иницијали, ниту во своите најсмели сништа не можел да претпостави дека компанијата еден ден ќе брои над 10 илјади вработени и дека според големината, ќе се нареди во првите три светски производители на машини и опрема.
m_5395_7150Успешната приказна за JCB не престанува тука. Денес во системот на компанијата постојат 22 фабрики во кои се произведува широк спектар од преку 300 видови машини кои се пласираат во преку 150 земји распостранети низ 4 континенти. Успехот на JCB машините се заснова на понудата на врвна продуктивност, трајност, ефикасност, сигурност, удобност и достапност, така што можеби и не е чудно што веќе се изработена над еден милион машини.
Од палетата на производи, за градежниците од посебен интерес се докажаните: ровокопачи, натоварувачи, багери, тракторски платформи и дизел мотори. Во оваа прилика малку подетално ќе се задржиме на серијата најмали багери од сериите: CTS, ZTS, R-1, Z-1 и C-1, со посебен акцент на моделот со ознака 8026 CTS.

JCB 8026 CTS – Снаодливост на мал простор

Во богатата понуда на компактни багери со оперативна тежина помеѓу 950 и 9.733 кг, гледано од аспект на тежината од 2.867 кг. – моделот 8026 CTS е сместен во полесната категорија. Тој податок само ја определува припадноста во сопственото семејство, и никако не значи детерминирање на капацитетите. Напротив, компактните димензии и физичките карактеристики, при што се истакнуваат длобочината на копање од 3.050 mm и максималниот дофат од ниво на тлото кое изнесува солидни 4.660 mm. само ги потврдуваат снаодливоста и оперативната моќ на мал простор.
document_13a-01Вградениот мотор е позајмен од Perkins, располага со 25 КС и ги исполнува строгите Tier IIIa еколошки норми. Машината лежи на нова носечка конструкција а со цел постигнување на повисока ефикасност наново е дизајниран и хидрауличниот систем.
Инженерите од JCB посебно ги истакнуваат токму предностите на хидрауличниот блок: зголемени калеми кои обезбедуваат глатка контрола на притисокот; зголемен капацитет на задржување на подигнатиот товар; мултифункционално користење на машината при праволиниско движење и како четврта предност се истакнува целосната изолираност на контролните системи.
Поради компактните димензии може да се очекува зголемено ниво на бучавост но и во тој сегмент направени се интервенции кои се однесуваат на нови гумени заптивки кои се вградени на сите контактни места помеѓу лимените делови.

Постојаност и сервисни интервали

Како и од останатите машини на JCB, по прашање на оддржувањето, воопшто не се разликуваат и очекувањата на корисниците на 8026 CTS – редовните сервисни интервали се предвидени на секои 500 работни часови.
JCB_8026_CTS_715_dДо сервисните точки исто како и до точките за подмачкување се пристапува преку широките капаци со кои е опкружена машината. Воедно тоа значи и лесен пристап до хидрауличната пумпа како и до моторот што би требало да наговести можност за негова едноставна контрола и евентуални интервенции. Клучна компонента на било која JCB машина е едноставното одржување и техничка поддршка: во 2.000 застапништва и сервисната мрежа ширум светот се води грижа за секоја машина пооделно. Светскиот центар за резервни делови, има можности да го испорача билокој дел, во рок од само 24 часа.

Кабина

JCB_8026_CTS6882715_dМалку неочекувано за оваа класа на багери, но просторната понуда со која се соочува операторот е на ниво на поголемите машини. До климатизираната кабина пристапот е крајно едноставен, командите се стандардни, а можноста за подесување на амортизираното седиште ќе помогне за изнаоѓање на најповолна седечка положба. Повторно компактните димензии се причина и за одличната видливост а кон целосниот комфор на операторот се должи на посебната изолација на кабината од вибрации и бучавост – при работа, нивото на бучавост во внатрешноста не надминува 77 dB.

document_13-01

Технички карактеристики:
  • Оперативна тежина со стандардна корпа (kg) – 2.867
  • Бруто моќност на моторот (kW) – 18.4
  • Стандардна должина на ровокопачката рака (mm) – 1.300
  • Длабoчина на копање со спуштен дозер (mm) – 3.050
  • Дофат на ниво на земја (mm) – 4.660
  • Височина на одлагање (mm) – 3.220
  • Капацитет на резервоарот (ltr) – 56
  • Сила на ископ на корпата (kN) – 23