Rolls-Royce на гасеници
JCB ќе вградува мотори од Rolls-Royce во своите најголеми багери
Во иднина во трите најголеми багери на JCB, моделите со ознака JS300, JS330 и JS370, ќе се вградуваат мотори од Rolls-Royce. Станува збор за нарачка на мотори MTU од серијата 1000, конкретно MTU 6R 1000 C20 и C30 со Tier 4 Final норми и 180 kW за помалиот, односно 210 kW за двата поголеми модела. Овие машини досега беа задвижувани од Isuzu мотори. Според JCB, агрегатите на Rolls-Royce се за 10% поекономични.
Да нема забуна, овие мотори се производ на германската компанија Rolls-Royce Power Systems која нема никакви врски со британскиот производител на автомобили Rolls-Royce.