John Deere, Liebherr

Во име на напредокот

Двата конкуренти John Deere и Liebherr ја прошируваат соработката и на развој на мотори

Овој потег претставува проширување на добро воспоставените односи кои двете компании веќе ги имаат во заедничкото производство на мотори. Според новиот договор, John Deere и Liebherr ќе ги здружат силите за да го забрзаат развојот на технологии и конструктивни решенија кои би се користеле во понатамошниот развој и производството на агрегати. Со ова тие се надеваат дека ќе се скрати времето потребно за воведување во сериско производство на новоразвиените машини. Соработка ќе биде насочена исклучиво кон специфичен ранг на мотори, без притоа да се наведе кој.

Двете компании имаат долга историја успешни соработки.