Kamaz против Fiesta

Не е за оние со слабо срце!

На еден од најопасните патишта во светот силите ги одмерија Јагиз Авџи и Димитри Сотников, првиот со Fiesta а вториот со Kamaz

Нивниот избор не е случаен – Авџи е петкратен првак на Турција во рели, а Сотников двапати втор го заврши релито Дакар. Ниту изборот на патеката на која ги одмерија силите не е случаен – тоа е 13-километарска делница на еден од најопасните патишта во светот преку планинскиот масив Соганли во Турција. Како тоа изгледаше, погледнете во видеото.