Kamaz 54901 (видео)

Елегантен снагатор

На изложбата Комтранс-2017, Kamaz претстави нов камион


Како главни негови карактеристики се споменуваат футуристичкиот дизајн , современите агрегати и подобрената ергономија. Интересно е тоа што најмногу внимание привлече новата кабина која води потекло од Mercedes Actros. Таа од подот до плафонот има 1,98 метри, а широка е 2,27 метри и е направена за што е можно покомотно возење, не само според руските мерила. Моторот на новиот камион е шестцилиндричен 12 литарски со силина меѓу 380 и 550 KS и Еуро 5 и 6 норми, заеднички конструиран од Kamaz и Liebherr. За него тврдат дека може да помине 1,2 милиони километри без ремонт. Шасијата е од лесен и издржлив челик, а за руските медиуми беше битно и тоа што има еден резервоар од 700 или два од вкупно 1.200 литри. Производството ќе му започне во 2019 година.