Точно по мерка
Градежната сезона стагнира, но обновувањето на механизацијата е во полн ек – време за размислување со што понатаму, нема многу
Од изборот на квалитетна механизација зависи конкурентноста на секоја фирма која се занимава со градежништво од секаков вид, било да е таа мала или голема. Затоа е потребно и да се посвети поголемо внимание на тоа и да се одвои доволно време за нејзин избор со цел да се согледаат сите карактеристики и предности на толку потребната, но скапа алатка. За да ви помогнеме околу изборот, во овој број на G&T се одлучивме да ви го претставиме грејдерот Komatsu GD 655-6, кој со своите специфики одговара на обемот на работа на голем број наши претпријатија.
Овој моторен грејдер е претставник на новата генерација механизациони машини на Komatsu и како таков располага со сите подобрувања на јапонската компанија. Конструирани наменски за подготвување на подлога за патишта и други рамни површини, ефикасноста на овој тип машини не зависи толку од вештината на операторот, колку од нивните конструктивни карактеристики, видливоста над работниот плуг и употребените компоненти. Трансмисијата, на пример, треба да го штити моторот од преоптоварување при мали брзини, заради што и овој 17-тонски модел, кој располага со плуг со должина од 4,32 метри и мотор со 221 KS (165 kW), има хидродинамичка спојка со два режими на работа – автоматски и мануелен. Овој тип на трансмисија, специјално конструиран за грејдерите на Komatsu, располага со осум степени на пренос за возење нанапред и четири за наназад. Автоматиката има оптимални подесувања за секој вид работа, а мануелниот мод овозможува повисоко ниво на контрола на операторот над машината. Но, и тогаш електронскиот систем за заштита од преоптоварување не дозволува да дојде до оштетување на трансмисијата и моторот, кој ги задоволува EPA Tier 4 Final нормите за издувни гасови и е за 20% поштедлив отколку претходните генерации, благодарение на двата режима на работа – со целосна силина или економичен, кога на располагање е само соодветно ниво на силина потребно за извршување на задачата. Ладилникот на моторот има систем за самочистење со обратен од на вентилаторот, а кочниците, составени од повеќе дискови потопени во масло, хидрауличен систем за самоприлагодување и целосно се ослободени од одржување.
Одличната прегледност од хексагоналната климатизирана кабина со Y столбови и ниското ниво на бучава овозможуваат помал замор на операторот и негова поголема ефикасност во ракувањето со машината, а системот за контрола на плугот со мултифункционални вентили и електронскиот мониторинг над параметрите на машината ги доведуваат на минимум можностите за грешки во работењето. Долгото меѓуоскино растојание овозможува работа со агресивно големи агли на плугот со прилагодлива геометрија и систем за заштита од удари, а резервоарот од 390 литри и максималната брзина од 44 km/h нанапред и 40 km/h наназад високоефикасно користење на работното време со проретчени технолошки застои.
Како и сите машини на Komatsu, така и овој грејдер ги има основните карактеристики кои оваа марка ја вивнаа на врвот меѓу производителите на градежна механизација: висока издржливост, долготрајност, лесно сервисирање, ефикасност во работата и ниски трошоци на експлоатација.