Нивелирање со современи методи
► Потпрени врз компоненти од сопствено производство, грејдерите на Komatsu ги исполнуваат сите очекувања на современото работење: ефикасност, зголемена продуктивност и еколошка прифатливост
На полето на специјалните машини за нивелирање на терените, Komatsu внесува технолошки новини преку кои воспоставува повисоки критериуми во однос на ефикасноста, економичноста и еколошката прифатливост. Таа цел се постигнува преку оптимизирани мотори, нова трансмисија, економичност на екплоатацијта, потоа преку новодизајнирано место за операторот па се до поедноставеното оддржување. Да ги погледнеме сите овие елементи одблизу.
Мала потрошувачка со два мода на оперирање
Преносот на силината може видно да ја подобри ефикасноста. Еве пример: новата трансмисија вградена во грејдерот GD675-5 ќе знае потрошувачката да ја намали и до 20%. Тоа се постигнува преку двата мода: P (Power) и E (Economy) кои во зависност од условите ја менуваат испораката на максималната силина. Менувачот има можност за менување на 8 степени (4 за рикверц) рачно или пак автоматски. Додека сме кај него да му изразиме и почит со споменување на опцијата за затварање на диференцијалот на двојната погонска оска.
Добро, кога веќе говориме за механиката, ќе биде неправедно да се занемари и новиот дизел кој со имплементираната технологија на вбризгување под висок притисок, од шесте цилиндри со зафатнина од 6.7 литри, способен е да испорача 221 КС. Тоа е повеќе од доволно грејдерот со оперативна тежина помеѓу 17.2 и 19.2 t максимално да го движи нанапред се до брзина од 44.3 км/ч и 40.3 км/ч кога вози во рикверц. Се разбира, ова е само како илустрација на капацитетите, инаку работната брзина е многу помала и зависи исклучиво од конфигурацијата на теренот кој треба да се израмни.
Капацитетен секач
Сета ефикасност на механичките компоненти кај грејдерите би била залудна без цврст и моќен секач. Сепак на него паѓа главниот товар на операцијата. Во случајов говориме за стандарден секач со димензии 4.270 x 660 x 250 mm. кој според потребите може да се замени и со секач со поголеми димензии. Големото меѓуоскино растојание од 648 cm (мерено од средината на двојната оска до оската на преднаните тркала) овозможува остар работен агол а системите за заштита го штитат во случај на наидување на цврста препрека. Прецизното дозирање на погонската хидраулика ќе се погрижи за грејдерирање на површините како по агол така и по нагиб.
Оператор со добар поглед
Операторот на GD675-5 навистина нема на што да се пожали. Пристапот до кабината е лесен а погледот од неа е безмалку панормански. Големите стаклени површини, со вградени бришачи на предната и задната страна, потпомогнати од трите големи ретровизори, овозможуваат директен увид на обработуваната површина. Во иста функција е ставен и сетот од моќни фарови, поставени на сите позиции, кои се тука да помогнат при намалена видливост.
Сите релевантни параметри на машината можат да се следат на дигиталниот дисплеј, чии можности не остануваат само на тоа туку овозможуваат и испис на дијагностиката за евентуалната грешка настаната на некој од системите. Звучната изолација овозможува буката во кабината да не премине преку 74 dB а тоа зедно со механичката изолација ќе му помогне на операторот во постигнување на прецизна работа без вложување на поголем напор. Се разбира, заштитата од механички удари и исполнувањето на безбедносните ROPS/FOBS стандарди, претставуваат законска обврска за секој производител.
Едноставно налевање гориво
Контролата на течностите е крајно поедноставена, таа се обавува со едноставно отварање на задниот капак. За чистење на перките на хидрауличниот ладилник исто така не е потребен некој посебен напор поради можноста тој да се само-чисти со вртење на перките во обратна насока. Филтрите се менуваат со едноставно одвртување а за секој случај во посебна преграда на машината има кутија со прирачен алат со чија помош може да се изврши рутинскиот сервис. Како што рековме, кон салдото за практичност се додава и налевањето на гориво кои исто така се врши од ниво на тлото.
Еден практичен детаљ привлекува внимание. Тоа е главниот прекинувач кој служи за исклучување на сите струјни кола во машината. Ако се знае дека сите компоненти на грејдерот се проектирани и произведени од самиот производител и се изградени според принципот на модуларност, веројатноста за негова употреба би се свела само на теорија.