Komatsu GHH LF5 (COM III A)

Натоварувач од подземјето

GHH LF серијата, Komatsu ја посветува на работи кои се изведуваат во утробата на земјата односно на товарењето и преносот на рудниот материјал ископан од рудниците и тунелите

Работата со која се терети GHH LF5 воопшто не е лесна. Тоа е нјаблаг опис на товарењето и пренесувањето на материјал од рудниците и тунелите. Затоа е и толку специфична конструкцијата на машината која излегува на површината само за истоварање на пренесениот материјал. А тоа најчесто се цврсти камења или пак рудна маса.

Интересен облик

Прво што паќа во очи е необичниот облик на машината. Ниската силуета изградена со Т-Link дизајн, има големи тркала кои како да се повисоки од самата страница. Потоа тука е зглобната конструкција со оператор сместен во предниот дел непосредно зад натоварната корпа.

ghh-fahrzeuge-lf-5,8e12c38dСамите димензии говорат повеќе отколку описот: вкупната должина, кога машината е во транспортна позиција, изнесува 770 cm, притоа широчината достигнува 177 додека височината 160 cm (220 сметано со заштитниот покрив на операторот).

Интересна е позицијата на операторот – сместен во кабина која ги исполнува безбедносните стандарди – тој е ниско седнат, малку над натоварната лопата. Причините за тоа треба да се бараат во фактот дека сите машини кои треба да се движат низ тесни тунелски ходници имаат “хоризонтална архитектура“. Тоа би значело дека сите склопови се поставени еден зад друг а висината е оставена за машините кои работат на отворен простор.

Компоненти

Придвижувањето на GHH LF5 е доверено на дизелски агрегат од 175 КС со потекло од германскиот производител Deutz. Преносот се одвива преку конвертот на вртежниот момент а менувачката кутија е со четири степени на пренос. Вака димензионираниот пренос овозможува машината под полно оптеретување од 14.900 kg да се движи со максимална брзина која достигнува солидни 21.5 км/ч.

ghh-fahrzeuge-slp-5-super-low,2a3c435eНатоварната корпа е изработена од екстра цврст челик, и може да пренесе товар со максимален волумен од 2.4 m3. Таа е способна да совлада терен со максимален нагиб од 25% а посебно внимание е посветено на опремата за осветлувањето пред и зад машината.

Во понатамошниот опис на GHH LF5 можеби е интересно да се напомене дека хидрауличната аксијална пумпа работи под притисок од 150 bar, хидрауличниот резервоар има капацитет од 115 литри, пневматиците се посебно изработени само за овој модел,… Всушност Komatsu GHH LF5 е посебна машина по сите параметри исто како што е посебна и нејзината намена.

ghh-fahrzeuge-lf-6,fe85818f