Комбито на Volkswagen

Легендата уште живее и ќе живее

Едно од највпечатливите возила на минатиот век сигурно е легендарниот Volkswagen-ов комби кој преживеа апсолутно сé

Комбито на Volkswagen забележа седум децении постоење. Ова долговечно возило беше најпопуларно за време на „децата на цвеќето“. Со него низ светот прокрстареа многу хипии, а и самиот Џон Ленон се провози низ цела Европа. Од друга страна пак, во седумдесеттите години скоро да не постоеше акционен филм во кој со него не се возеа „хероите“ од онаа страна на законот, заради што го доби надимокот „Терорист“. Можеби затоа што овој комби ги менуваше лицата по потреба – знаеше да биде камионет, кампер, минибус или било што, а во иднина ќе биде и електромобил.

17f0881a4ffda2d97c9a1b5897056f04[1]