Kramer 5055e

Електричниот натоварувач Kramer 5055e доби уште една престижна награда

После ланското признание Bauma Innovation Award, целосно електричниот натоварувач Kramer 5055e ја доби и престижната шведска награда Maskinentreprenörens Teknikpris 2017

В образложението на жирито се вели дека 5055e со нулти емисии е врвно постигнување не само како концепт, туку и како реална машина од производствената гама на Kramer веќе достапна на клиентите. Особено внимание е обрнато на фактот дека Kramer 5055e по проодноста, работоспособноста и продуктивноста не отстапува по ништо од споредлив натоварувач со корпа од 0,55 кубни метри и дизел агрегат.

Kramer 5055e има два електромотора – еден за работната хидраулика и еден за задвижување. Во зависност од потребите моќноста се добива само од соодветниот мотор, што придонесува за економично искористување на енергијата. Со едно полнење на акумулаторите оваа машина може да работи до 5 часа во зависност од работата што ја извршува. Освен што струјата што ја троши е поевтина од дизел горивото, и одржувањето на Kramer 5055e бара значително помалку средства бидејќи нема замена на моторно масло и филтри.