Kubota (видео)

Нови модели мини-багери со Stage V стандарди

Kubota ја прошири понудата на мали градежни машини во категоријата до 5 тони

Трите потполно нови мини-багери со ознаки KX060-5, U56-5 и U50-5 се развиени во согласност со барањата на купувачите и се усогласени со трендовите во индустријата. Конструирани се според потребите на оператерот, почнувајќи од поголемата кабина со подобрена изолација, поголема видливост и мноштво нови карактеристики во поглед на удобноста при користењето. Редизајнирана е и надворешноста за секој модел да биде подобро забележлив. KX060-5 е најголемиот од оваа класа и најсоодветен за тешки приклучоци заради поголемата тежина. U56-5 поседува посилен мотор кој му дава добра моќ на подигнување. U50-5, пак, направен да биде погоден за работа на потесни простори бидејќи има одличен пристап до секоја локација.

Сите три машини се карактеризираат со низа технички подобрувања, меѓу кои подобриот пристап до информациите преку full-color LCD екранот со висока резолуција од 7 инчи, намалената бучава за 5 децибели, двојно подесливото воздушно седиште и секако моторот со директно вбризгување и CRS и DPF филтри кој ги задоволува Stage V стандардите.