Лесни приколки Моторфлекс Ремонт – Бечеј

Интересна понуда од соседството

► Научени сме вакви вести да пристигнуваат од подалечното странство, па нé изненадува кога ќе слушнеме дека ги има и во соседството


Релативно непозната, компанијата Моторфлекс Ремонт од Бечеј, Србија, во својот асортиман производи има богата понуда на лесни приколки со една и две оски и носивост до 3.500 килограми од сите типови и за сите намени: со и без надградба, наменски приколки со платформа, кип-приколки, фургон-приколки, приколки за превоз на мотоцикли и автомобили со рампа, на пловила, помали работни машини и опрема, специјални приколки и друго. Сите нивни производи се направени од профилиран лим со дебелина од 3, 4 и 5 милиметри и имаат сериски сертификат и меѓународна идентификациска шифра односно сопствен број на шасија. Во производството на автоприколки се користи конструктивен челик со гарантиран квалитет кој е топло поцинкуван, со што материјалот е заштитен од атмосферските влијанија. Сите елементи вградени на приколките како што се торзионите оски, системот за кочење, налетните механизми и тркалата се производ на реномираната германска фирма Knott. Се одликуваат со исклучителни возни карактеристики, а притисокот на влечната кука на автомобилот при максимално оптоварување е мал заради што се лесни за влечење.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA