Libherr A916 Litronic

Ефикасен, флексибилен и моќен

Средно-големиот ровокопач Libherr A916 Litronic едноставно е незаменлив за некои работи

Градежниците ги сакаат машините со гасеници, но не можат без оние на тркала. Ровокопачите на тркала, на пример, немаат алтернативи. Барем не толку ефикасни и флексибилни како што се тие. Кога зборуваме за Libherr, треба да додадеме и моќни. Моќта на сите полиња е адутот со кое машините на швајцарската компанија го освоија светот. Моќта, или поточно кажано надмоќта се согледува во тоа што Liebherr сам развива поголем дел од компонентите на своите машини, пред сé оние клучните. Затоа и точно знае што на клиентите им треба. А машини како што е ровокопачот A916 им требале отсекогаш.

Меѓу клиентите на Libherr е и Водостопанство на Македонија, кое неодамна набави 5 парчиња од оваа повеќенаменска машина. Како и другите ровокопачи кои Liebherr во својата огромна понуда ги има 12, во тежински дијапазон од 12 до 28 тони, конструиран е брзо и ефикасно да ја завршува работата. Иновативната технологија, големиот капацитет на подигање, максималната сила на копање и ниската потрошувачка на гориво прават да биде високопродуктивен. Сé на сé, совршен за патишта, мостови, комунални работи. Плус на тоа е и безбеден во оперирањето, што е значајно за секоја градежна работа. Неговиот Liebherr D 924 дизел мотор развива 156 коњски сили и обезбедува целосна моќност потребна за непречено функционирање во секакви услови на работа на оваа машина со оперативна тежина меѓу 16,7 и 19,5 тони во зависност од опремата. Stage IV фазата на емисии се гарантира со иновативниот SCR систем кој постигнува 91% намалување на азотните оксиди. Корпата може да биде со капацитет од 0,17 до 1,05 m³, а дофатот со стандардна корпа и дводелна стрела од 3,4 метри во височина 7,45 метри, длабочина 5,80 и далечина 9,25 метри. На располагање е и со моно стрела, како и со корпа за манипулација на растресити материјали. Хидрауличниот систем има проток од 300 литри во минута и максимален притисок од 350 бари. Маслото се менува на секои 6 или 8 илјади работни часа. Максималната брзина на движење е до 30 km/h, бучавата околу машината изнесува 100, а во кабината 71 децибел.

Таа пак е пространа и комфорна и може да биде климатизирана. Обезбедува одлична видливост на сите страни која покрај стандардната задна камера може да се подобри и со бочна камера од десната страна. Ракувањето може да биде со џојстик, но и далечински. Резервоарот за гориво од 360 литри обезбедува долга работа без пауза, што е можно само со квалитетот што името Liebherr го гарантира. Како синоним за издржливост и долговечност, оваа марка своето искуство го има испреплетено со иновативноста што се огледува и од модуларната и униформна конструкција која обезбедува поевтино и поквалитетно одржување. Дека тоа е вистинската формула за успех покажуваат ланските 9 милијарди евра приходи, кои ги остварија 42-те илјади вработени во 130-те компании кои ја сочинуваат групата. Доказ за успешноста е и тоа што повеќе од половината од приходите доаѓаат од продажбата во развиените западноевропски земји.