Liebherr A918 и A920 Stage IIIA

Издржливост пред сé

► Да се има најновото не е само работа на престиж, туку и потреба, но за жал, често мора да се размислува и за другата страна на медалот

Многу наши компании, посебно оние со помал обем на работа, се ставени на мака – нивните раководители многу добро ги знаат предностите на најновата техника, но уште подобро ги знаат работните услови кои машините мора да ги издржат. Заради тоа често се принудени да прават компромиси, посебно кога средствата што ги имаат на располагање за набавка на машини и после тоа за квалитетно одржување и сервисирање, им се ограничени. Сепак кога Liebherr е во прашање, компромисот всушност е без компромис, бидејќи квалитетот е загарантиран не само со марката што ја носат туку и со тоа што се произведуваат во Германија.

Типичен пример се багерите на тркала со Stage IIIA емисии кои се поевтини, а сé уште прифатливи кај нас. Ќе ги споменеме моделите А918 и А920, кои со својот капацитет и можности се вклопуваат во една ваква приказна. Како и сите багери на тркала на Liebherr, овие машини се идеални за работа која вклучува долги релации на патувања. Се карактеризираат со висока мобилност и можат да поминат подолги растојанија за кратко време, како на самите градилишта така и до нив, со што се штеди  и на време и на транспортни трошоци. Двојните гумени тркала овозможуваат и лесно маневрирање, а со тоа и подобрена ефикасност и флексибилност во извршувањето на задачи со работен опсег кои опфаќаат движења, односно кога заради теренот камионот не може докрај да пријде до машината.

Liebherr A 918 е багер од 18-тонска класа со оперативна тежина од 18.900 килограми. На располагање е со корпа со зафатнина меѓу 0,32 и 1,05 m³, а е задвижуван со 163-коњски мотор. A 920 е наменет за работи кои бараат поголема продуктивност, заради што има корпа со зафатнина меѓу 0,55 и 1,20 m³. Оперативната тежина му изнесува 20.700 килограми, а моторот располага со 175 коњски сили. И двата модела имаат ергономска кабина со седиште, конзоли и џојстици што се движат во согласност со движењата на операторот, како и контролна единица со екран чувствителен на допир и удобно работно опкружување за најефикасното можно работење. Димензиите им се скоро идентични – се разликуваат главно по меѓуоскиното растојание и должината на базата. Самата конструкција на овие машини гарантира едноставно одржување за кое е потребно кратко време и минимални трошоци за тоа. Сите компоненти што треба да се сервисираат се прегледни и лесно дофатливи од подлогата благодарејќи на нивната поставеност и големите сервисни врати кои широко се отвораат. Хидрауликата со долг животен век се задоволува со долги сервисни интервали.

Како што добро знаеме, Liebherr сам ги развива и произведува сите клучни компоненти, во што има долгогодишно искуство. Тоа овозможува нивна оптимална усогласеност со што се гарантира врвниот квалитет на машината и нејзиниот долг век на траење. Ако кон ова го додадеме и Stage III моторот кој е помалку чувствителен на неквалитетно гориво и воопшто на лошите и непостојани услови за работа, тогаш е јасно зошто на почетокот кажавме дека изборот на вакви машини од Liebherr е компромис без компромис, за разлика од сличните со далекуисточно потекло.