Натоварување на тежок товар – лесна работа!
Зглобниот натоварувач на тркала L550 се издвојува со посебно изведениот ходростатки погонски склоп кој силината ја црпи од современ дизел со 200 КС. Оперативната тежина од 17.350 kg е избалансирано распределена, па така корпата со волумен од 3.2 m3 може да подигне товар од 12.350 kg
Натоварувачот на тркала на Liebherr, покрај иновативниот погон кој е поекономичен од класичните изведби за 25%, има надолжно вграден мотор. Ваквото решение овозможува подобра распределба на тежината, далеку полесно одржување, и што е можеби поважно, помала тежина на натоварувачот што автоматски значи поголема можност за поместување на материјал. Ергономичните решенија на кабината овозможуваат ефикасно извршување на апликациите во пријатен и комфорен амбиент. Употребата на квалитетни материјали за сите компоненти, при што се истакнуваат вградениот мотор од сопствено производство исто како и останатите погонски компоненти, му даваат за право на производителот, за серијата „L“ од 5 натоварувачи која започнува со ознакаат 550 и завршува со најголемиот L586, да се декларира како репер во издржливост и доверливост.
Економичност
Надолжно вградениот дизел мотор од сопствено производство, заедно со погонската оска која е свртена на назад, овозможуваат полесна изведба на конструкцијата, што посредно значи пренесување на поголема количина на материјал. При подигањето на товар моторот игра улога и на противтежа што придонесува за урамнотежување на силите и помирна работа.
Од друга страна посебно изведениот погон со хидраулични пумпи со променлива зафатнина, овозможува испорака на континуирана сила на тркалата што резултира со намалување на абењето на пневматиците за 25 проценти. Хидрауличното сопирање пак, е заслужно за драматично намалување на трошењето на сопирачките облоги.
Намалувањето на потрошувачката на гориво за една четвртина, поволно влијае и врз емисијата на издувни гасови која е за истиот тој износ помала во однос на класичните зглобни натоварувачи.
Перформанси
Иноватиовниот хидростатски погон со два независни хидраулични мотори, нуди низа предности. Во прв ред тоа се однесува на континуираниот безстепенски погон кој крајно едноставно се регулира од страна на операторот. Потоа тука е отсуството на степен за возење на назад, тоа се регулира со промена на притисокот на хидрауличните пумпи.
Во одличните перформанси голема улога игра и отсуството на проитвтег, таа улога врз себа ја презема надолжно вградениот и на назад повлечениот мотор. Намалената сопствена тежина доведува до зголемување на граничната оперативна тежина односно до зголемување на ефикасноста на машината.
Рекордните резултати постигнати на тестовите за најбрз работен циклус недвосмслено и даваат предност на иновативната Liebherr-технологија.
Доверливост
Liebherr има долгогодишно искуство во дизајнирање и производство на дизел мотори, хидраулични ситеми и електронски контролни уреди. Разрзботени и до најситниот детал тие овозможуваат гарантирање на долгогодишно доверливо служење на натоварувачот.
Од спецификите може да се издвои безстепенската испорака на силината и отсуството на погон за движење на назад. Во однос на конвенционалните натоварувачи тоа значи ослободување од голем број механички делови, и секако, многу полесна конструкција на машината.
Ладењето на погонскиот дизел е изведено со ладилник кој има сопствен погон, топлинските сензори ја определуваат брзината на дувањето на воздух. Тој е сместен веднаш зад кабината на операторот и овозможува проток на големи количини на ладен воздух со што го штити моторот од прегревање.
Комфор
Комбинацијата на континуиран варијабилен пренос и ултра модерно уредена кабина ќе знае да придобие голем број корисници. При дизајнирање на кабината водено е сметка триаголникот: комплетни информации-едноставни команди-возачко седиште, да биде во совршена хармонија. Операторот со една едноставна палка може да командува со операциите на корпата без притоа да има потреба другата да ја крева од управувачот.
Одличната видливост на сите страни, повторно, се должи на ниско поставениот дизел аграгат исто колку и на високо поставената кабина и големите стаклени површини.
Сервисните интервенции врз моторот, хидрауличните пумпи, сите филтри како и на акумулаторот, може да се извршат од ниво на теренот. За сите тие интервенции има доволно простор а многу мала потреба.