Liebherr LB 28-320 вертикална дупчалка

Ефикасно до длабочините

Во широката палета на вертикални дупчалки, Liebherr нуди машини кои продираат во тлото до максимална длабочина која се движи помеѓу 34.5 (LB 16-180) и 94.2 (LB 44-510) метри

LB, проверената серија на вертикални дупчалки, Liebherr ја испорачува во разни големини и ја опремува посебно спрема спецификите на употреба барани од корисникот. Во основа говориме за дупчење на теренот поради испитување на составот, но исто така и за отварање длабоки отвори за поставување фундаменти или пак колци за стабилизирање на тлото.

Гамата ја сочинуваат шест основни конфигурации кои со своите различни оперативни тежини и силини на погонските агрегати, можат да продрат до максимални длабочини кои варираат помеѓу 34.5 и 94.2 метри.

Без разлика на типот на машината (втората бројка секогаш ја означува големината на вртежниот момент) секоја конфигурација работи според принципот на паралелна кинематика, конструкцијата е поставена на цврста и стабилна основа, а позицијата на операторот се когаш обезбедува одличен увид врз работа. Иако говориме за машини чија оперативна тежина се движи помеѓу 52.8 и 155 тона, сепак поради можноста за преклопување на носечката греда, нивниот транспорт е релативно едноставен.

Кога тема ни се Германците од Liebherr секогаш имаме на ум дека тие користат исклучуво компоненти кои сами ги произведуваат. И во случајот со дупчалките е идентично со таа разлика што никогаш не се заборава на технологијата на Litronic.

LB 28-320, точно на средина од LB гамата

За да имаме претстава за големината веднаш да ги истакнеме основните податоци: оперативната тежина на дупчалката изнесува 98.7 тона, максималната длабочина на дупчење е точно 70 метри, притоа пречникот на бушотината може да изнесува до 230 cm.

Ова се параметри на основната конфигурација покрај која се нудат уште и продолжена носечка греда како и ниско поставена работна глава која служи за изведување на работи каде што има висински ограничувања како што се на пр. просторите под мостови или работа под далеководи.

Конкретно, основната верзија е со вкупна височина од 25.96 метри, екстендерот на носечката греда ја покачува висината за 1.24 m, додека изведбата со ниско поставена работна глава има максимална висина од само 17 метри.

Иако носечката структура е идентична, двете посебни изведеници имаат различни динамички својства од основната верзија, кои се предизвикани од различните тежини на самата конструкција што пак предизвикува и вградување на контратегови со различна тежина.

Како функционира процесот на дупчење

Во срецето на дупчалката LB 28-320 е склопот за ротирање кој се придвижува со помош на две хидраулично гонети пумпи кои се поставени на посебен држач сместен во непосредна близина на носечката греда. На системот за ротирање има поставено и шок-амартизери кои имаат задача за минимизирање на ударите. Поради вградување на безстепенска трансмисија вртежниот момент се испорачува без прекин односно дупчењето е континуирано, а испораката на вртежниот момент се одвива во зависност од моменталното оптеретување.

На операторот му е овозможено преку едноставен прекинувач да одбере една од можните четири константни брзини на дупчење. Поради отсуството на механички пренос како и поради поедноставената хидраулика, целиот систем е ослободен од непотребни подмачкувања и одржување.

Погонскиот агрегат при 1.700 врт/мин испорачува поприлични 523 КС и очекувано, ги исполнува најстрогите Stage IV еколошки норми. Почитта спрема природата се огледа и во економичноста на овој современ дизел.

Типови на бушење

Директно дупчење која доаѓа во основна конфигурација на машината, ефикасно си ја врши работата преку екстремно цврстата носечка греда и сврстите јажиња за извлекување на сврделот.

Покрај овој тип постои и континуирано дупчење со летечки сврдел кај кого максимална длабочина на делување изнесува 25.3 метри. Поради зголемена ефикасност на носечката греда е монтиран „чистач“ кој ги отстранува сите нечистотии од сврделот. Неговиот максимален пречник може да изнесува до еден метар а може да се врти со брзина од 0 до 47 вртежи во минута.

Бушењето со целосно истиснување на материјалот исто така е опција која се нуди со моделот LB 28-320. Кај овој тип на дупчење вртежниот момент се испорачува во распон од 0 до 320 kNm, а максималната длабочина до која може да допре е 25.8 метри. На крајот постои и опцијата на дупчење со двојна ротација кај која максималнаиот пречник изнесува 750 mm додека максималаната длабочина 17.8 m.

Изнесените податоци се однесуваат на основната верзија на LB 28-320 додека за останатите две варијанти, поради различните физички особини, тие знаат и поприлично да се разликуваат.

Дека конструкторите мислеле на сите детали можеме да видиме и по начинот на транспорт – заради максимално олеснување на таа операција LB 28-320 може да биде демонтирана во своите составни делови и така да биде пренесена на нова работна локација.