Нов развоен центар
Liebherr-Hydraulikbagger GmbH планира градба на нов развоен центар во местото Кирхдорф, Германија
Овој центар ќе се простира на парцела од 12,7 хектари на која ќе биде изграден и комплекс за испитување нови производи и пологон за демонстрација на нивните можности. Клучно е што самата зграда ќе има внатрешна висина од 19,2 метри и во неа ќе се произведуваат, испитуваат и оптимизираат сите прототипи. Вратите сo височина од 13 метри ќе овозможуваат непречен пристап и за најголемите машини. На отворениот простор ќе има места за тестирање на најразлични градежни и индустриски машини, одделна зона за оценка и оптимизирање на бучавата, како и тест патека со наклони и пречки за испитување на мобилноста на на машините. Целиот проект е во вредност од 30 милиони евра, а се планира да биде готов до 2021 година.