LiuGong 856H – натоварувач на тркала

Далекуисточна посветеност кон обврските

Доверливост и издржливост се главните атрибути кои треба да ги исполни секоја работна машина која се произведува во Кина. Обновениот натоварувач на тркала, во секој сегмент го надминува својот претходник исполувајќи ги критериумите за настап на пробирливиот светски пазар

Кинески LiuGong, натоварувачот на тркала 856H, го опремува со мотор од британски Cummins, со менувачка кутија и оски од германски ZF од каде што доаѓа и хидрауликата која ја испорачува Rеxroth. Останатите компоненти се воглавно развиени и произведени од сопствениот развоен центар на LiuGong. Идејата е јасна, светскиот пазар бара и глобален пристап кој неминовно води кон постојани подобрувања на квалитетот и капацитетите на секоја машина. Само површен поглед, и непосредна споредба со претхоникот “856“ даваат до знаење дека ниту една компонента на натоварувачот “856H” не е идентична со моделот кој го наследува.

Сопствен развој

Масивната носечка структура е дело на инженерите од сопствениот развоен центар. Инженерската задача за изработка на цвсрта и издржлива шасија е повеќе од усшено завршена. Доказ за тоа се илјадниците натоварувачи распостранети низ целиот глобус кои вредно работат при разни услови на експлоатација. Ангажманот на големата развојна екипа, во конструкција на новата изведба, гарантира уште посигурен настап.
100915ctyliugong_10_09_2015_62240min_firs_1av218f-1av218mПоврзувањето на носечкиот зглобен дел и подвижната корпа е изведено во “Z“ конфигурација, решение кое покрај ефикасното товарно функционирање овозможува и лесно менување на корпата и монтирање на приклучен алат спрема специфичните работни потреби.
Кинескиот производител сѐ поголемо внимание посветува и на условите во кои работи операторот па затоа и се нудат нови решенија кои одат во прилог на пријатното проведување на работното време.

Комбинација од проверени компоненти

За европскиот пазар, натаварувачот на тркала 856H, LiuGong го опремува со мотор купен од британски Cummins. Интересно е притоа што шест цилиндерскиот дизел кој ослободува 220 КС, се изработува специјално само за овој модел. Во однос на екологијата, тој ги исполнува само старите Tier 2 /Stage II норми, но да се рабереме, кај нас ниту автомобилите не испуштаат почисти гасови, така да посегнувањето кон поеколошки мотор (го има на располагање) е само расфрлање со пари.
856h-2 Преносот на силината се остварува преку ZF менувачки хидрауличен претварач кој има 4 степени за движење напред и три за назад. Поради подобра возливост диференцијалот е изведен со ограничивач на пролизгување кој додатно се подмачкува. Поради зголемување на трајноста, оските се потопени во масло.

Изолирана кабина

Најпрвин за поздравување е кинескиот пристап за посветување на должно внимание на операторот. Во натоварувачот 856H него го очекува пријатен амбиент со квалитетни материјали и класични команди. Седиштето има вграден систем за амортизација, управувачкиот столб може да прилагодува, а инструмент таблата овозможува контрола на сите поважни параметри. Прегледноста е одлична на сите страни, сериски се вградуваат еден внатрешен и два надворешни ретровизори, по желба како додатна опција може да се добие и камера вградена во задниот дел.
IMG_1526Кај проветрувањето на кабината е искористен еден едноставен но многу ефикасен трик. Притисокот во кабината се одржува за нијанса повисок од околината со што се спречува влез на нечистотиите и прашината. Со тоа максимално се помага клима уредот кој и безтоа уфлениот воздух двојно го прочистува. За примена на ова решение потребна е и добра изолација на кабината за да не се случи воздухот да биде издуван кон надвор. Се разбира тоа е направено а операторот додатно профитира со звучна и изолираност од вибрации.

Капацитети

Сето гора наведено е убаво но основната функција на машините е да бидат ефикасни и што помалку време да поминуваат во празен од. Токму на таа тема производителот не чека со веќе подготвен одговор. Корпата со капацитет од 3.0 m3 може длабоко да продре во материјалот за натоварување, да се наполни максимално и брзо да се подигне до истоварна позиција (макс. 310 cm) и повторно да го започне циклусот од почеток. Целата операција, благодарејќи и на функцијата “кик даун“ која автоматски префрла во понизок степен на пренос, трае само 10 секунди. Економичноста на моторот и намалените механички отпори, како и паметната хидраулика која го регулира притисокот во зависност од оптеретеноста, неминовно водат кон намалување на потрошувачката на гориво но и кон зголемена ефикасност.
Едноставното оддржување на системите го имаше и порано, разликата кај новиот модел се сведува на олеснета контрола на параметрите како и на вградувањето на SKF ситемот за автоматско подмачкување. Инаку секојдневние контроли и редовните сервиси се изведуваат брзо и едноставно со што максимално е намален празниот од на машината.
liugong-856h-2014_0-48cc4ce