Lock Block

Лего систем за правење тунели

► Мора да признаеме, не е само генијалноста во прашање

Одвреме-навреме ќе налетаме на нешто толку генијално што се чудиме како воопшто светот не знае за тоа. Таков е и случајот со методата за правење тунели на канадската компанија Lock Block. Едноставен поедноставен не може да биде, но сепак генијален. Но не е само генијалноста во прашање – целиот нивни систем за правење тунели е детално разработен до перфекција. Мора така да биде, затоа што, ако една (лего) коцкичка од мозаикот попушти, сé ќе отиде по ѓаволите при што може да има и жртви. Тие сепак се сигурни во себе, факт што го илустрираат последните секунди од видеото и фотографијата.