Lokotrack CW3.2 – Мобилни транспортни ленти

Економична замена на транспортните камиони

Транспортните ленти поставени на тркала се економичен и флексибилен начин за транспорт на материјал во рударски копови и во каменоломите. Опсегот на Metso транспортери монтирани на тркала се состои од системите Lokolink и Lokotrack CW3.2

Транспортните ленти кои се поставени на тркала ги намалуваат трошоците за работа и ја подобруваат безбедноста при изведување на апликациите. Овие транспортери најчесто се користат во рударски апликации и каменоломите. Тие исто така се идеални за проекти од нискоградбата и производство на цемент. Поради нивната одлична подвижност, исто така можат лесно да се прилагодат за совршено да одговараат на потреби при физичка промена на процесот на обработка на материјалот. Истовремено, транспортерите поставени на тркала претставуваат поекономична и поеколошка алтернатива отколку транспортот со камиони.

Подвижните транспортни ленти може да се преместат до местото каде што се најмногу потребни, а со тоа во голема мера да се зголеми флексибилноста на процесите на повеќефазно дробење. Тие можат безбедно да се транспортираат низ каменоломите, и тоа во краток временски интервал без притоа да се појават големи празни одови. Уште една предност на подвижните транспортери е фактот што материјалот може да се транспортира без потреба од камиони, целокупниот сообраќај како и емисијата на прашина и издувни гасови се значително намалени, што резултира со побезбедна работна околина.

Подвижниот транспортер Lokotrack CW3.2, монтиран на тркала, се заснова на широкото знаење и експертиза на конструкторите на Metso, со што се гарантира максимална леснотија и брзина на употреба во повеќестепените апликации за дробење и просејување. За да се оптимизира и прилагоди спрема потребите на различните корисници достапни се дополнителни функции и опции. Неговата подвижност овозможува извршување на апликации кои бараат висок капацитет на складирање и одлични можности за пренесување на материјали. Исто така тој има можност за конфигурирање така да работи хидраулично или електрично, во зависност од изворот на енергија кој е на располагање.

Дополнителните карактеристики, како што се цврстите страници, двојниот погон и ударните шипки се она што го прават Lokotrack CW3.2 идеално решение за разноврсна големина на материјалот. Висината на празнењето може да се регулира во зависност од решеткастите носачи како и од погонскиот склоп. Покрај тоа, дополнителната функција за двојни погони овозможува додатно зголемување на производствениот капацитет. Подвижниот транспортер Lokotrack CW3.2 е подготвен за употреба во рок од неколку минути. Само симнете го од приколката, наведнете го задниот дел и оставете отворете го делот за празнење. Потоа прилагодете го аголот, вклучете го во извор на напојување и започнете со транспорт. Кога е во отворен круг, зголемената височина на Lokotrack CW3.2 овозможува зголемување на капацитетот на празнење. Дополнителната карактеристика на радијалниот погон исто така овозможува радијално движење на крајот на празнење со што се овозможува оптимизирање на складирањето.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ

Lokotrack CW3.2
Капацитет 400 mt/h
Хранилка до 150 mm
Широчина на лентата 1.050 mm
Височина на истовар 7.832 mm
Оперативна должина 20 m
Височина на натоварување 1.262 mm
Тежина 6.410 kg